Кејт постојано го има во предвид своето пријателство со нејзиниотдевер, Хари, со кого е многу блиска.

Објавил: Весна Петровска | 31 јануари, 2020 15:24

КЕЈТ РАСПЛАКАНА ПОРАДИ ХАРИ: Поради една работа таа посебно се ПЛАШИ и затоа сака да разговара со деверот!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Одлуката донесена од принцот Хари и Меган Маркл во минатиот месец длабоко влијаеше на многумина во кралското семејство.

Според американскиот весник “US Weekley” , Кејт Мидлтон била особено потресена од одлуката од војвотката од Сасекс да се повлече од нејзината улога како високо поставени членови на британското кралско семејство.

“Кејт е во паника и е многу нервозна. Таа едвај има време да се одмори и кога ќе се обиде да заспие, цело време размислува за милион работи”, објави весникот.

Кејт постојано го има во предвид своето пријателство со нејзиниотдевер, Хари, со кого е многу блиска.

Според весникот, Кејт плачела за нивното пријателство, посочувајќи дека таа е повеќе од повредена од одлуката на Хари и Меган.

„Таа посакува да може да разговара со Хари кога и да и треба. Ќе и недостасува и на неа, и е во страв дека нив двајца никогаш нема да имаат близок пријателски однос како некогаш, изјавил добро информиран извор за весникот.

Хари и Меган веќе официјално не се дел од кралското семејство, и отсега па натаму немаат потреба да се однесуваат според кралските правила, сега можат и да се дружат со обожавателите, да даваат автограми, да се гушкаат и не мораат да се облекуваат според дрес кодот на британското кралско семејство, сега можат слободно да си носат и тренерки.

Кралицата Елизабета Втора го остави својот внук да биде и финанскиски независен па така отсега Хари и Меган ќе работат како и секој нормален човек.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.