Мислењето на независната комисија за заштита од дискриминација е прва официјална и институционална реакција и правен став на орган одговорен пред македонскиот парламент

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 ноември, 2018 10:57

КЗД потврди, Груевски е жртва на директна дискриминација од Кацарска

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Државната Комисијата за заштита од дискриминација утврди дека Никола Груевски во изминатиот период бил жртва на директна дискриминација од страна на Основниот суд Скопје 1 и судијката Добрила Кацарска.

Комисијата за заштита од дискриминација се произнесе по обвинувањата од правниот тим на поранешниот премиер со соопштение.

Директната дискриминацијата врз поранешниот премиер и претседател на ВМРО – ДПМНЕ и актуелен пратеник Никола Груевски, е утврдена дека е извшена и од страна на Основниот суд Скопје 1, и од страна судијката Добрила Кацарска која во крајно контраверзна и незаконска експресно водена постапка со брзина како за никој друг претходно во Репблика Македонија и со огромен број прекршувања на постапките, како и непрофесионално однесување без валидни докази го осуди Никола Груевски на две години затвор. – стои во образложението на мислењето на КЗД.

Истиот суд се подготвува деновиве да ја одбие жалбата по решението за одложување на извршување на санкцијата и можеби до петок, или најдоцна понеделник експресно да го испрати Груевски во затвор.

И самиот Никола Груевски, но и бројни правни експерти во повеќе наврти јавно потенцираа дека поранешниот премиер и актуелен пратеник е изложен на видлив и класичен политички прогон, на политичка хајка во која СЈО и судот се само инструмент и безпоговорен извршител на актуелната власт за негово политичко елиминирање, понижување, тортура и преку монтиран судско политички процес негово ставање во затвор.

Мислењето на независната комисија за заштита од дискриминација е прва официјална и институционална реакција и правен став на независен државен орган одговорен пред македонскиот парламент.

Во мислењето е наведено дека врз Никола Груевски е извршена директна дискриминација од член 6 став 1, а врз основа на личен и општествен статус како поранешен претседател на Влада на Република Македонија и поранешен претседател на политичка партија од член 3 во областа на правосудство и управа со член 4 од законот за спречување и заштита од дискриминација, што како последица имало одземање или нарушување и ограничување на еднакво признавање на правото на правично судење како основно човеково право од страна на судијата Добрила Кацарска од Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Се утврдува директна дискриминација на Никола Груевски од член 6 став 1 врз основа на личен и општествен статус од член 3 од законот за спречување и заштита од дискриминација поради поставување во неповолна положба со необезбњдување на потребните критериуми за правично судење од страна на Основен суд Скопје 1 Скопје. – стои во мислењето на Комисијатa.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.