Руската безбедносна служба со спротивни изјави, дека само три лица претрпеле повреди, и им бил даден медицински третман.

Објавил: admin@magazin | 26 ноември, 2018 12:24

Киев : Руска агресија врз Украина

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Русија заплени три украински поморски бродови во теснец во близина на полустровот Крим кој е нападнат од Москва. Тоа го зголеми страхувањата од воена ескалација меѓу двете земји. Свикани се итни седници на украинскиот парламент и на Советот за безбедност на Обединетите нации.

По инцидентот Москва соопшти дека употребила оружје се со цел да спречи Украински војни сили за кои тврди дека илегално влегле во нејзините води. Украинската морнарица соопшти дека инцидентот се случил во неделата кога два мали воени бродови се упатиле кон теснецот Керч што дава пристап до азовското море кои го користат и Украина и Русија. Украина соопшти дека 6 мина нејзини војници се повредени од кои двајца сериозно.

Rуската безбедносна служба на чело со Рускиот претседател Владимир Путин, објави дека само три лица претрпеле повреди, и им бил даден медицински третман.

Но, Руската безбедносна служба објави дека само три лица претрпеле повреди, и им бил даден медицински третман.Ваквата конфронтација на море е опасен развој во долготрајниот конфликт меѓу Украина и Русија која ги поддржува бунтовниците на истокот од Украина.

Во меѓувреме Украинскиот претседател Петро Порошенко побара од парламентот да се гласа за воведување воен закон во земјата за 60 дена.

Оваа мерка според него во никој случај не значи дека Украина ке спроведе било какви офанзивни акции.Претседателот изјави дека : Украина нема планови да се бори со никој,воениот закон се воведува за одбрана,за одбрана на Украинската војска на нашата територија.

Министерот за надворешни работи оцени дека Рускиот напад бил агресија.Руските политичари ја обвинија Украина дека постапуба според налог на западните земји и сојузници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести