Агенцијата наведува дека ова е прв пат од 2018 година Северна Кореја, која има нуклеарно оружје, да прикаже интерконтинентална балистичка ракета.

Објавил: Перо Милчин | 10 октомври, 2020 15:36

КИМ ГО ШОКИРА СВЕТОТ: Се пофали со нова интерконтинентална балистичка ракета, НАЈГОЛЕМА досега(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Северна Кореја претстави нова интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ) на воената парада денес по повод 75-годишнината од основањето на владејачката Работничка партија, за која аналитичарите велат дека сè уште не е видена, пренесуваат агенциите.

Според Ројтерс, видеото на државната телевизија покажало ракета на возило со најмалку 22 тркала, што значи дека е поголема од сите претходни прикажани во таа земја.

Агенцијата наведува дека ова е прв пат од 2018 година Северна Кореја, која има нуклеарно оружје, да прикаже интерконтинентална балистичка ракета.

Политиката на ДНР Кореја ја следи идеологијата Џуче, чиј основен концепт е самоиздршката на општеството.

Оваа идеологија е опишана од некои извори како „наследно диктаторство“со изразен култ кон личноста на Ким Ил Сунг, основачот на ДНР Кореја и прогласен Вечен претседател на Републиката.

Иако службата на претседателот во ДНР Кореја е церемонијано извршувана од Ким Ил Сунг, вушност како претседател до 2011 бил Ким Џонг Ил, а од 2011 Ким Џонг Ун, кој е претседател на комисијата за национална одбрана. Законодавно тело во државата е Врховното Народно Собрание, чиј сегашен претседател е Ким Јонг НамПремиер на ДНР Кореја е Че Јонг Рим.

Политичката структура на ДНР Кореја е опишана во уставот. Државата е еднопартиско општество каде владее Демократскиот фронт за обединување на татковината предводен од Работничката Партија на Кореја и уште две помали партии, Корејската Социјалдемократска Партија и Партијата на младите пријатели на Небесниот пат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.