Отсуството на севернокорејскиот лидер Ким на јавната церемонија по повод одбележувањето на роденденот на неговиот дедо и основач на земја, Ким Ил-сунг, беше без преседан и оттогаш не е виден во јавноста. Ова доведе до шпекулации кои со денови ги слушаме за неговото здравје.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 април, 2020 19:25

КИМ ЈОНГ-УН СЕ КРИЕ БИДЕЈЌИ СЕ ПЛАШИ ОД КОРОНАВИРУСОТ- Извештаите сега велат дека не е болен!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/CNBC/P.L.

Ким Јонг-ун можеби го пропушти клучниот одмор на 15 април затоа што е загрижен за коронавирусот а не затоа што е болен, изјави во вторникот министерот за Јужна Кореја на прашањата поврзани со Северна Кореја.

Отсуството на севернокорејскиот лидер Ким на јавната церемонија по повод одбележувањето на роденденот на неговиот дедо и основач на земја, Ким Ил-сунг, беше без преседан и оттогаш не е виден во јавноста. Ова доведе до шпекулации кои со денови ги слушаме за неговото здравје.

Властите на Јужна Кореја истакнаа дека не откриле невообичаени случувања во Северна Кореја и предупредувале дека има лажни извештаи во кои се тврди дека Ким е можеби болен.

Северна Кореја соопшти дека нема потврдени случаи на коронавирус, но со оглед на строгите мерки кои ги превзема земјата за да се спречи ширењето на коронавирус, отсуството на Ким од церемонијата не е особено невообичаено, изјави министерот Ким Јеон-Чул.

„Точно е дека тој никогаш не го пропуштил роденденот на Ким Ил-сунг откако ја превзеде власта, но многу настани, вклучувајќи прослави и банкети, се откажани поради загриженоста за коронавирусот“, рече Ким Јеон-Чул во парламентот.

Тој посочи дека имало најмалку два случаи од средината на јануари кога Ким Јонг-ун не се појавил на јавни настани скоро 20 дена.

„Мислам дека ова не е особено необично со оглед на моменталната состојба со коронавирусот“.

Северна Кореја откажа неколку големи настани, блокираше граници и спроведе карантински мерки во обид да ја спречи појавата на коронавирус.

Но, ако Ким се крие поради страв од „Ковид-19“, тоа „ќе направи дупка во извештаите на државните медиуми, кои пренесуваат дека со кризата се управува совршено “, рече Чад О’Керол, извршен директор на Корејска ризик група, кој ја следи земјата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.