Авионот летал преку две земји чкенки на НАТО

Објавил: Македонка Димкин | 11 април, 2022 7:57

Кина ѝ испорача софистициран противвоздушен систем на руската сојузничка Србија (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©АП

Кина во полутајна операција ѝ испорачала на руската сојузничка Србија софистициран кинески противвоздушен систем, пишува американската агенција Асошиејтед прес додавајќи дека ова се случува среде загриженоста на Западот дека трупањето оружје на Балканот во време на војна во Украина би можело да го загрози кревкиот мир во регионот.

АП пренесува дека медиумски и воени експерти кажале дека шест транспортни авиони на кинеските воздухопловни сили Y-20 слетале на белградскиот цивилен аеродром рано наутро во саботата, наводно носејќи ракетни системи земја-воздух HQ-22 за српската војска и дека кинеските товарни авиони со воени ознаки се фотографирани на белградскиот аеродром Никола Тесла.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.