Толпата беше толку голема што беше објавено во 7,48 часот, дека паркот го достигна својот дневен капацитет од 20,000 посетители и повеќе нема да ги прима.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 април, 2020 20:52

КИНЕЗИТЕ ЕДВАЈ ДОЧЕКАА: Туристичките агенции преполни- еве што порачаа емидемиолозите!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/6yka.com Foto: Twitter/Farhang F. Namdar магазин.мк

Голем број луѓе во Кина ги окупираа популарните туристички места и поголемите градови низ Кина за време на празничниот викенд и покрај предупредувањата од здравствените експерти, бидејќи пандемијата на коронавирус не е завршена.

Фотографиите направени на 4 април во планинскиот парк Хуангшан во провинцијата Анхуи прикажуваат илјадници луѓе, од кои многумина носат маски, но сите се многу блиску едни до други.

Сите сакаа да поминат време на отворено по долгиот период на забрани за патувања и строгите мерки во карантин.

Толпата беше толку голема што беше објавено во 7,48 часот, дека паркот го достигна својот дневен капацитет од 20,000 посетители.

Во меѓувреме, шеталиштето Бунд покрај реката Ханпу во Шангај беше преполно со туристи и оние кои решија да одат на шопинг. Ова шеталиште беше целосно празно неколку недели.

Многу од рестораните што беа затворени сега повторно работат, а некои од нив бараат резервации пред да влезат.
Слична е ситуацијата и во Пекинг, каде луѓето останаа на отворено и во парковите.

Ненадејното враќање во нормалниот секојдневен живот дојде повеќе од три месеци по откривањето на коронавирусот во кинескиот град Вухан.

Вирусот се шири низ целиот свет и повеќе од еден милион луѓе се заразени.
Во екот на пандемијата, секојдневно се пријавуваат илјадници нови инфекции во Кина. Сепак, во последните неколку недели, ширењето на вирусот значително забави.

 До денес, 81.708 лица се заразени во Кина, а 3.335 луѓе починале.

Додека владата полека ги намалува ограничувањата, кинеските експерти за здравство ги повикуваат жителите да останат будни.
Главниот епидемиолог на Центарот за контрола и превенција на болести во Кина Zенг Гуанг изјави дека пандемијата на коронавирус во Кина не е завршена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.