Голем изолационен центар е поставен на местото на фабриката лоцирана надвор од градот.

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 јануари, 2021 21:50

КИНЕЗИТЕ ИЗГРАДИЈА БОЛНИЦА СО 1.500 СОБИ ЗА 5 ДЕНА: Секоја соба има тоалет и интернет(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кинескиот град Нангонг ја заврши изградбата на голема болница со 1.500 соби за само 5 дена што ќе се користи за лекување на пациенти со вирус на корона, откако беше откриен нов бран на инфекција во тој град!

Се очекува да бидат поставени уште 5.000 соби.

Голем изолационен центар е поставен на местото на фабриката лоцирана надвор од градот.

Секоја соба има 18 квадратни метри, и е опремена со кревет, електричен грејач, мијалник и тоалет, а достапна е и wi-fi мрежа.

Изградбата на овие монтажни згради започна на 10 јануари.

Наложено е итно да се изградат 6 единици за сместување на пациенти со цел да се спречи инфекцијата.

Предвидено е да се отворат 6.500 простории за прием на пациенти. Комплекс од 3.000 соби се гради исто така и во друг град во провинцијата Хебеи, Шиијажуанг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.