Оваа вакцина се користи во голем број на други земји, изјави министерот Филипче!

Објавил: Рејхан Бајрами | 7 февруари, 2021 17:43

Кинеската вакцина е класичен модел на вакцина добиена со технологија на ослабнување (инактивирање) на вирусот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Kинеската вакцина е класичен модел на вакцина добиена со технологија на ослабнување (инактивирање) на вирусот.

Тоа е една класична постапка којашто со години наназад се користи за изработка на некои други вакцини.

Оваа вакцина се користи во голем број на други земји, изјави министерот Филипче!

Апелирам граѓаните во ризичните групи да се вакцинираат во што поголем број за да се заштитат од ризикот. Да не заборавиме дека целта на вакцинацијата е да се постигне што поголем опфат со истата. Би сакал да потенцирам дека буквално сите вакцини коишто се сега безбедни ги поминале сите потребни на вообичаено испитување на лекови и вакцини. Имунизацијата е најсилното оружје во борбата со вирусот, не само кај нас туку насекаде во светот.

Меѓутоа, сакам да порачам дека и натаму ќе треба да се почитуваат сите други јавно здравствени мерки, потенцираше тој!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...