Последниот чекор на Кина е суперкамерата за препознавање лица која може да фати илјадници лица на стадион до детаљ.

Објавил: admin@magazin | 2 октомври, 2019 18:57

КИНЕСКА ТЕХНОЛОГИЈА: Новата кинеска камера со 500 мегапиксели може да ве издвои од цела толпа!

Фото/Текст извор: ©факултети.мк

Кина во значителна мера тестира и користи технологија за препознавање лица. Таа се користи за идентификување криминалци, па дури и за набљудување на студентите. Луѓето можат и да плаќаат со едноставно скенирање на лицето.

Последниот чекор на Кина е суперкамерата за препознавање лица која може да фати илјадници лица на стадион до детаљ.

Откривањето на импресивната камера, која исто така може да лоцира одредена мета во моментот, предизвика голем број критики, па некои критичари сметаат дека таа ќе се користи за контрола на населението.

Новата камера има резолуција од 500 мегапиксели и е петпати подетална од резолуцијата од 120 милиони пиксели на човечкото око. Камерата може да направи панорамска фотографија од трибини и да даде јасна, перфектно детална фотографија од сите видливи лица во толпата.

Камерата била развиена од Универзитетот „Фудан“ од Шангај и Институтот за оптика, фина механика и физика при кинеската Академија на науките во Чангчун.

Фотографиите направени со оваа камера може да се интегрираат со вештачка интелигенција, технологија за препознавање лица, мониторирање во реално време и други технологии за да работи како несовладливо решение за набљудување. Одредени мети може да бидат најдени за момент.

Ѕенг Сјаојанг, еден од научниците во истражувачкиот тим, во извештајот наведе дека полицијата би можела дури и да го користи системот во центарот на Шангај за да ги набљудува толпите, за да наоѓа криминалци и да превенира несреќи.

Иако камерата несомнено е импресивно технолошко достигнување, критичарите посочуваат на импликациите што ги има врз приватноста во кинеското општество. Австралиските медиуми истакнаа дека камерата може да се користи како дел од системот на социјален кредит, кој моментално се развива во Кина. Тоа е програма која ги следи и оценува граѓаните.

Како што известуваат кинеските медиуми, земјата веќе е најнабљудувана во светот. Оваа технологија, иако е импресивна од технолошка гледна точка, многу личи на Големиот брат од „1984“ на Орвел.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Технологија

Овие автомобили и понатака се препознатливи за светската јавност, меѓутоа тие ја добија титулата за најгрди автомобили на сите времиња.

ТОП 10 – Најгрди автомобили на сите времиња

Со текот на сите овие години, патиштата забележаа дека некои автомобили што само дизајнерите...

Секоја зима, многу домаќинства од различни причини своите домови ги загреваат со печки на дрва, чиј чад претставува една од главните причини за зголемената загаденост на воздухот.

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ Секоја зима, многу...