Кина има четири вакцини против Ковид-19 што се во завршна фаза на клиничко испитување, најмалку три од нив се понудени на најизложените служби.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 септември, 2020 11:43

Кинеските вакцини против Ковид-19 би биле достапни до крајот на годинава!

Фото/Текст извор: ©миа.мк

Вакцините против новиот коронавирус што се развиваат во Кина би можеле да бидат достапни за јавност во ноември, изјави претставничка на кинескиот Центар за контрола и спречување на болести (ЦДЦ).

Кинеската вакцина против Ковид-19 со неактивна компонента, направена од фармацевтската корпорација „Синофарм“, ќе биде достапна на пазарот во декември!

Кина има четири вакцини против Ковид-19 што се во завршна фаза на клиничко испитување, најмалку три од нив се понудени на најизложените служби.

– Третата фаза добро се одвива и вакцините би можеле да бидат готови за јавност во ноември и во декември, изјави експертката за биобезбедност во ЦДЦ, Гуижен Ву.

Таа додаде дека не почувствувала никакви абнормални симптоми во изминатите месеци откако примила експирементална вакцина во април, без да ја наведе вакцината.

Кинеската државна фармацевтска компанија „Синофарм“ и „Синовак биотеч“ развиваат три вакцини во рамките на државната програма, додека четвртата ја развива „КанСино биолоџикс“, чија употреба во кинеската армија беше одобрена во јуни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.