Ќе побарам поддршка од сите 120 колеги пратеници да се приклучат кон ова законско решение и заедно во најбрз можен рок истото да биде изгласано и применето во позитивните законски прописи во државата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 ноември, 2019 3:18

КИРАЦОВСКИ: Звучам иронично, но после се што се случуваше во Македонија ПРАВДА МОРА ДА ИМА!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Политиката е специфична и комплицирана дејност и наука. Понекогаш во истата, постојат моменти кои за општо добро треба да ги надминете или избегнете, нешта кои треба компромисно да ги решавате, но и работи кои мора да ги спроведете, мора да ги испорачате и кои не смеете да ги пропуштите или испуштите од вид, пишува на социјалните мрежи македонскиот политичар, пратеник од редовите на СДСМ и бивши генерален секретар на партијата Александар Кирацовски.

Тој вели дека спасувањето на Никола Груевски од кривичен прогон во случајот „Траекторија“ е токму таква ситуација која не смее да се дозволи и да се испушти од вид, туку треба да се предвиди и превенира, особено ако се има во вид крајно корумпираното судство (со чесни исклучоци), подготвено да биде на услуга на екс политичкиот кадровик во судскиот систем.

Тој пишува дека ќе побара поддршка од сите 120 колеги пратеници да се приклучат кон ова законско решение и заедно во најбрз можен рок истото да биде изгласано и применето во позитивните законски прописи во државата.

Бегството во Унгарија и застарувањето на ова дело, (Траекторија), поради истекување на рокот од шест години, без правосилна пресуда, од јавноста се прочитани како спас на симболот на криминогеното политичко подземје за време на неговото владеење, Никола Груевски, луксуз кој не смееме да си го дозволиме ни сега ниту во иднина.
Токму затоа, како пратеник во Собранието на нашата Македонија, поднесувам Предлог Закон со кој кривичните дела сторени од избрани и именувани функционери нема да застаруваат.
Ќе побарам поддршка од сите 120 колеги пратеници да се приклучат кон ова законско решение и заедно во најбрз можен рок истото да биде изгласано и применето во позитивните законски прописи во државата.
p.s.
Знам дека после се што се случува во нашата држава, ова може ќе звучи иронично, но ПРАВДА МОРА ДА ИМА!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика