Учесниците ќе се собираат околу 11 часот во паркот „Жена борец“, а потоа ќе се маршира до Градски пак, каде се најавени обраќања на претставници на граѓански организации и институции.

Објавил: Перо Милчин | 29 јуни, 2019 9:33

Кирацовски и Богоевски на чело на ПАРАДАТА НА ГОРДОСТА денес во Скопје!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Денес во Скопје со почеток во 11 часот во паркот „Жена Борец„ ќе започне маршот на Парадата на Гордоста, се со цел за поголеми права на ЛГБТИ луѓето во Македонија.

На денешната парадата најавено е присуство на активисти за ЛГБТИ права од Грција, Бугарија, Албанија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора.

Учесниците на парадата ќе се собираат околу 11 часот во паркот „Жена борец“, а потоа ќе се маршира до Градски пак, каде се најавени обраќања на претставници на организации и институции.

На денешната парадата најавено е присуство на активисти за ЛГБТИ права од Грција, Бугарија, Албанија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора.

Во 14 часот ќе почне и музичката програма, на која ќе настапи и Тамара Тодевска.

Учество на овој марш ќе земат 13 пратеници од различни политички партии и тоа, Лилјана Поповска (ДОМ), Маја Морачанин (ДОМ), Бранко Манојловски (ДУИ), и независните пратеници Павле Богоевски, Ивана Туфегџиќ и Ирена Стефоска, Јулијана Николова (ЛДП), Никица Корубин (ЛДП), Петар Атанасов (СДСМ), Јагода Шахпаска (СДСМ), Соња Мираковска (НСДП), Славица Шуманска Митева (СДСМ) и Александар Кирацовски (СДСМ).

Овој настан го организира Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија, од каде изјавуваат дека одржувањето на првата Парада на гордоста или попозната како Скопје Прајд се поклопува со педесетгодишнината од бунтот во Стоунвол – настан кој се смета за пресвртна точка во движењето за правата на ЛГБТИ луѓето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести