Ненамерниот пропуст при изведбата на химната немаше да биде воопшто важен, ако политичкиот контекст беше поинаков и ако одредени политички „хиени“ веднаш не го ставеа во погон.

Објавил: Перо Милчин | 6 јули, 2019 9:55

Кирацовски ја брани Тамара: „ГАЗИ НАПРЕД ТАМАРА И ПАК ДА НЕ НАПРАВИШ ГОРДИ-ТИ СИ ГОЛЕМ ЧОВЕК„

кирац
Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Пратеникот Александар Кирацовски напиша статус на социјалните мрежи, во кој застана во одбрана на пејачката Тамара Тодевска, откако таа не ја испеа во целост македонската химна на прославата по повод Денот на независноста на САД, во американската амбасада во Скопје.

Бившиот генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, на социјалните мрежи напиша статус во кој ја одбрани Тамара Тодевска, поради скандалот со Македонската химна. 

Тој напиша дека и посакува уште долго време да не прави горди, како што пред извесно време не направи горди на Евровизија. Кирацовски напиша дека Тамара е голем човек и извонреден пејач.

„Големите луѓе не стануваат големи, затоа што читаат биографии за животните подеми и падови на други големи луѓе, туку затоа што лично ги доживуваат, на своја кожа.
Ненамерниот пропуст при изведбата на химната немаше да биде воопшто важен, ако политичкиот контекст беше поинаков и ако одредени политички „хиени“ веднаш не го ставеа во погон.
Иако сум гледал многу истакнати општественици и политичари, мои колеги, како на различни државни настани и церемонии ненамерно го грешат основниот текст на химната, па тоа симпатично го преминуваат, сепак на Тамара мораше „душата да и се извади“.
– Тамара, гази напред и уште долго прави не горди како што тоа пред извесно време на Евровизија, маестрално, го стори! Ти си голем изведувач-пејач, и секако голем човек!
А ние, ние белким научивме нешто од канонадата врз тебе!“, напиша доскорешниот генерален секретар на СДСМ на својот профил на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести