Ова беа мошне специфични избори. Првенствено затоа што беа само претседателски, без „помош“ од локални или парламентарни избори, напиша Кирацовски.

Објавил: Перо Милчин | 6 мај, 2019 17:42

КИРАЦОВСКИ: Зоран Заев ни беше звезда водилка во изборната кампања!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски после победа на Стево Пендаровски, се заблагодари до сите членови на Изборниот штаб, до коалициските партнери, до сите регионални координатори, до шефовите на општинските штабови, до членовите на СДСМ и членството на вклучените политички партии, до истакнатите функционери кои дадоа придонес а најмногу до премиерот Зоран Заев.

Александар Кирацовски, генералниот секретар на СДСМ, на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека со Стево, заедно напред, ќе продолжиме кон новите предизвици на патот кон евро-атланските интеграции, каде што и вредносно и цивилизациски припаѓаме. За време на неговото претседателствување тврди Кирацовски, нашата држава ќе ги затекне историски важните моменти кои се плод на нашата децениска заложба како држава. Тој напиша исто така дека првиот круг на изборите на површина извади одредени слабости на општествено и партиско делување, за кое граѓаните им испратиле соодветна порака, за што се многу благодарни. Пораката сериозно ја сфатиле од членство на СДСМ и постанало нивна мисија за време на вториот изборен круг.

Почитувани граѓани, драги пријатели.

Ви честитам за изборот за претседател на државата на успешни, фер и демократски избори!
Стево Пендаровски ќе биде достоинствен претставник на сите граѓани и нашата татковина. Тој ја заслужи големата поддршка, а ние, по 10 години девалвација на претседателската функцијата, заслужуваме враќање на нејзиниот дигнитет.
Со Стево, заедно напред, продолжуваме кон новите предизвици на патот кон евро-атланските интеграции, каде што и вредносно и цивилизациски припаѓаме. За време на неговото претседателствување, нашата држава ќе ги затекне историски важните моменти кои се плод на нашата децениска заложба како држава.

Како шеф на изборниот штаб на Пендаровски, сакам да изразам благодарност за довербата која заедно со сите кои беа вклучени во кампањата, ја заокруживме со победа.

Ова беа мошне специфични избори. Првенствено затоа што беа само претседателски, без „помош“ од локални или парламентарни избори.

Сакам да изразам благодарност до сите членови на Изборниот штаб, до коалициските партнери, до сите регионални координатори, до шефовите на општинските штабови, до членовите на СДСМ и членството на вклучените политички партии, до истакнатите функционери кои дадоа придонес и, секако, благодарност до Зоран Заев, кој претставуваше ѕвезда-водилка и сила која ја влечеше изборната кампања, која овој пат беше организирана стриктно и длабоко врз основа на актуелните политичко-општествени состојби и аспекти.

Ова беа мошне специфични избори. Првенствено затоа што беа само претседателски, без „помош“ од локални или парламентарни избори. Потоа, затоа што граѓаните се уморни од избори на помалку од две години, а ако на сето тоа ги додадеме и реалните проблеми, општествени и лични, од локална или централна природа, тешкотијата за водењето на кампањата, се удвојува. Но, сепак, имајќи го предвид квалитетот на нашиот кандидат и спроведената стратегија, успехот беше неминовен!
Првиот круг на изборите на површина извади одредени слабости на нашето општествено и партиско делување, за кое граѓаните ни испратија соодветна порака, за што сме им благодарни. Пораката сериозно ја сфативме и стана наша мисија за време на вториот изборен круг.
Изборниот резултат од првиот круг сите нас нè направи со изострен поглед кон реалноста, поскромни, но и поенергични, помотивирани со фокус на максимализирање на поддршката од граѓаните за кои постоиме.
Нема да ги коментирам одредените „квази удбашки напади (во обид)“ за време на екот на кампањата, во стилот на „100 пати повторена лага, станува вистина“, затоа што не e поголема од самата вистина, која секогаш, ама баш секогаш, излегува на површина.

Како и да е, следи сериозна и длабинска анализа и подобрување на работата на секое општествено поле, но и во интра-партиското делување. Ќе има партиски ред и поредок во интерес на членството, а ќе следи и институционално рекомпонирање, во интерес на граѓаните, кое соодветно и без потреба од „ургенции“ ќе ги решава нивните барања и проблеми.
Веднаш, без одмор, ќе се сретнеме со секој граѓанин, со секој член, со сите кои имаат добра идеја, проблем или некоја мака и со засукани ракави, беспоговорно, ќе се построиме кон мисијата да помогнеме. Тоа е нашата работа, затоа сме избрани и поставени!
Граѓаните ни подадоа рака и со сите нас продолжија ЗАЕДНО НАПРЕД кон подобра, заедничка иднина која одамна ја заслужуваме и ние и нашите поколенија!
Уште еднаш, нека е честит изборот на Стево Пендаровски за претседател на нашата Македонија, напиша Кирацовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...