Па по фотографијата која осамна во јавноста Кирацовски повторно се огласи но овој пат на социјалната мрежа Твитер.

Објавил: Весна Петровска | 6 септември, 2019 21:36

Кирац се огласи на Твитер по објавената фотка со Боки 13, но коментарот на еден граѓанин стана ХИТ

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Пратеникот на СДСМ вчера беше на распит кај Вилма Русковска за случајот Рекет. Тој два часа даваше исказ како сведок во рамките на истрагата.

Кирацовски ги отфрли обвинувањата дека посредувал при средбите на притворениот Бојан Јовановски – „Боки 13“ со бизнисмени и градоначалници и вршел притисок врз нив. Тој смета дека имало многу шпекулации но нагласи и дека не се препознава во псевдонимот „Кики“. Со Јовановски имал површно пријателство.

По таквата изјава пратеникот Кирацовски се најде на мета во јавноста, па протерче и фотографијата на која тој заедно со Бојан Јовановски уживаат во познато кафуле. На фотографијата може да се види дека Кирацовски свири гитара а Боки 13 пее, што оваа фотографија го кажува токму спротивното – дека меѓу нив постои големо   пријателство.

Па по фотографијата која осамна во јавноста Кирацовски повторно се огласи но овој пат на социјалната мрежа Твитер.

– Ниту слика Со Христијан Мицковски ве прави косопственик на неговите хидрцентрали, ниту слика со Боки соучесник во неговите активности, стои во објавата на пратеникот на СДСМ

Но под фотографијата има интересен коментар од корисник на социјалната мрежа Твитер.

– Така е Кирац! А да прашам, свесно организирање и лобирање на средби помеѓу бизнисмени и рекетар и притисок врз градоначалник кај спаѓаат? Ништо лично, за еден Кики прашувам, коментар кој стана хит.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести