Во јуни 2000 година, Лазаров ја започнал својата меѓународна кариера,и во наредните години следува голем успех и во неговата светска кариера.

Објавил: admin@magazin | 26 ноември, 2018 17:15

Кире Лазаров го продолжи договорот со Нант до јуни 2021 година

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров го продолжи договорот со Нант до јуни 2021 година. Договорот на Лазаров истекуваше на крајот од оваа сезона, но францускиот тим ќе го задржи искусниот бек и во наредните две сезони бидејќи тамо го сметаат како еден од најдобрите играчи во клубот. 

Најдобриот Македонски ракометар повторно ќе остане да игра за францускиот клуб Нант и го продолжи договорот до 2021 година.На Светското првенство, одржано во Франција, Лазаров бил најдобар стрелец, со постигнати 50 голови.

Европско првенство во ракомет за мажи 2012.На 27 јануари 2012 година, Лазаров поставил нов рекорд како најдобар стрелец: На Европското првенство во ракомет за мажи 2012 што се одржало во Србија, тој постигнал 61 погодок, со што го срушил рекордот од 2002 година, поставен од Исланѓанецот Олафур Стефансон.

Лазаров за сајтот на клубот изјави : Среќен сум што соработката со Нант ќе продолжи во наредните две години. Дојдов овде бидејќи знаев дека тимот игра со карактер. Не беше лесно кога дојдов, дојдов со големи амбиции, но не зборував француски. За една година ситуацијата се смени многу. Сега во Нант се чувствувам многу добро, ми се допаѓа клубот и ги сакам неговите навивачи. Клубот расте секоја сезона и сигурен сум дека заедно ќе бидеме подобри во годините кои доаѓаат. Јас сум лојален човек и сакам да му вратам на клубот за довербата што ми е дадена, изјави Лазаров за сајтот на клубот.

Македонскиот репрезентативец дојде во Нант минатата сезона, по четири години во Барселона. Лани со Нант тој се пласираше во финалето на ЛШ.

Лазаров е капитен на ракометната машка репрезентација на Македонија и игра на позицијата десен бек. Тој е најдобар стрелец во историјата на светските првенства во ракомет. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...