Тој на ова место доаѓа од челната позиција во Македонската банка за поддршка на развојот каде последните пет месеци беше в.д. директор.

Објавил: admin@magazin | 22 август, 2019 20:44

Кирил Колемишевски нов заменик-министер за економија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Неофицијално, Алсат дознава дека на вечерашната седница на ЦО на СДСМ за нов заменик министер за економија, премиерот Заев ќе го предложи Кирил Колемишевски.

Тој на ова место доаѓа од челната позиција во Македонската банка за поддршка на развојот каде последните пет месеци беше в.д. директор.

Актуелниот заменик во ресорот на Крешник Бектеши, Кире Наумов ја напушта функција и заминува на друга позиција.

Кирил Колемишевски беше именуван за вршител на должност член на Управен одбор – главен извршен директор на банката, информираше банката преку Македонската берза.

Oдлуката, како што беше соопштено, беше донесена на седницата на Надзорниот одбор на банката одржана на 15 мај.

Мандатот на Колемишевски почна на 15 мај и со согласност од Народната банка тој постана главен извршен директор на банката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.