Жалбата што Петков ја поднесе во Окружниот суд во Софија е за клевета во врска со коментарите на Борисов во последните денови.

Објавил: Мате Парлоф | 25 август, 2022 6:05

Кирил Петков го тужи Бојко Борисов за 250.000 евра

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кирил Петков го тужи Бојко Борисов за 250.000 евра!

Поранешниот премиер и копретседател на Продолжување со промените Кирил Петков го тужи лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов за половина милион лева (250.000 евра), јави дописникот на МИА од Софија.

Жалбата што Петков ја поднесе во Окружниот суд во Софија е за клевета во врска со коментарите на Борисов во последните денови.

Според Петков, „Борисов е докажан лажго“, давајќи пример за неговите лаги за посредници, за провизии, клевети кои постојано насекаде ги кажува против него.

По повод одлуката на Управниот суд во Софија, со која апсењето на Бојко Борисов на 17 март беше прогласено за незаконско, Петков коментираше дека многу луѓе се разочарани што тој се уште е на слобода.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.