Неговиот син, познатиот актер Мајкл Даглас како што објави „Мирор“, наводно нема да земе ниту денар. Мирор објави дека Мајкл, „тежи“ околу 300 милиони долари.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 февруари, 2020 11:34

Кирк Даглас не му оставил ни цент на својот син Мајкл Даглас

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот холивудски актер Кирк Даглас, кој неодамна почина на 103- години од животот, како што пренесоа странските медиуми наводно своето богатство од 60 милиони долари го оставил во добротворни цели.

Преку фондацијата „Даглас“, која ја основаше заедно со неговата сопруга Ана Кирк решил да донира вкупно 50 милиони долари.

Неговиот син, познатиот актер Мајкл Даглас како што објави „Мирор“, наводно нема да земе ниту денар. Мирор објави дека Мајкл, „тежи“ околу 300 милиони долари.

Непосредно пред смртта актерот Кирк Даглас решил преку фондацијата „Даглас“, која ја основаше заедно со неговата сопруга Ана да донира вкупно 50 милиони долари. Кирк целиот свој живот донираше, тој по смртта им оставил пари на неколку корисници.

 

Како што анализира „Мирор“, меѓу корисниците на парите на Кирк се: универзитет „Св Лоренс“, храмот Синај во Лос Анџелес, театар „Кирк Даглас“ и детска болница во Лос Анџелес.

Ана Даглас е втора сопруга на Кирк и со неа има тројца од неговите четири сина: Мајкл, Џоел и Питер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.