Кисела зелка одличен предлог за утрешниот ручек.

Објавил: admin@magazin | 2 март, 2019 21:00

Кисела зелка со свинско

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Киселата зелка одговара за оваа зимска сезона. Вкусна е и се јаде со топол леб.

Ова јадење е исто така традиционално за нашата земја, нема крај каде не се прави ова вкусно и преубаво јадење. Може да се приготви исто така и со телешко месо. 

Расол или кисела зелка прехранбен производ кој се добива од зелка со ферментација со разни бактерии. Расолот има долг рок на траење и карактеристично кисел вкус кој доаѓа од млечната киселина настаната со бактериската ферментација на шеќерот во зелката.

Состојки
1 главица кисела зелка
неколку свински кременадли
3 страка праз
2-3 чешниња лук
1 морков
2-3 компири
1 црвена пиперка
сува пиперка
црн пипер, црвен пипер, буковец
1 полна лажица маст
зејтин

Постапка
Измијте ја зелката низ неколку води, оставете ја да стои во вода која треба често да се менува, околу половина час.
Испржете ја прво зелката, сечена на ситно. Ги вадам дебелите места од кочанот, неколку листови замотувам како ролат и ги сечам тенко за побрзо.
Додека се пржи зелката, а и треба повеќе време, подгответе го останатиот зеленчук, исецкајте го и почнете да го пржите.
Кога е готов, додадете го во зелката, додадете зачини и префрлете во тава за печење.
Додадете малку вода, маст, а кременадлите додадете ги на половина време. Вода се додава по малку кога ќе испари.
Се пече на тивко неколку саати, печев 3 1/2 часа.
Месото ако сакате ставете го заедно, но јас обично го додавам покасно зашто бргу се подготвува. Компирот ја ублажува киселоста, таман доаѓа…
Ние велиме ума! И месото и зелката се ума-меки и сочни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.