Општина Кичево изготви формулар за проекти од областа на културата што ги разгледа комисија.

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 февруари, 2020 13:37

Кичево прогласен за град на културата во 2020 година

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Врз основа на распишаниот конкурс на Министерството за култура, титулата Град на културата во 2020 година ќе ја има Кичево.

Општина Кичево изготви формулар за проекти од областа на културата што ги разгледа комисија. Аплицираше со 50-ина проекти од различни области на културата – литература, филм, театар, музика, фолклор, ликовна уметност, сценско-уметничка дејност, интердисциплинарни проекти и други помали проекти, објасни Михајло Петрески од Општина Кичево.

Тој додаде дека врз основа на пристигнатите проекти, Министерството за култура донесе решение со кое „Град на културата 2020″ го прогласи токму Кичево.

Кичевскиот регион се наоѓа под влијание на топло континенталната и планинската клима. Зоната на влијание на топло континенталната клима во Република Македонија е во висински појас од 600 до 900 м н.в. што значи во ова климатско подрачје во Кичевскиот регион се наоѓа градот Кичево и поголем дел од населените места, а планинските подрачја се под влијание на планинската клима. Годишната средна температура во потесното градско подрачје изнесува 10,7 °С при што апсолутниот месечен максимум на температурата изнесува 40,5 °С додека апсолутниот месечен минимум изнесува – 23 °С. Средната годишна максимална температура изнесува 17,1 °С, а средната годишна минимална температура изнесува 5 °С .

Кичево е град во средишниот дел на Западна Македонија. Градот лежи во Кичевската Котлина под југоисточните падини на планината Бистра. Кичево е оддалечено 110 километри од Скопје, а се наоѓа на речиси половина пат меѓу Гостивар (46 километри) и Охрид (61 километар).

Градот Кичево со својата местоположба претставува еден од најважните сообраќајни и транзитни центри во Западна Македонија.

Кичево се наоѓа во западниот дел на Република Македонија, сместен во Кичевската Котлина, која претставува јасно обликувана природна целина, опколена од сите страни. 

Припаѓа на горното сливно подрачје на реката Треска, на северната страна допира до превојот Стража, на западната страна се издига планината Бистра, на јужната страна по долината на реката Треска се протега до Илинска Планина, а на источната страна допира со јужниот дел на областа Порече. Градот Кичево, како урбан центар, се наоѓа на надморска височина од 625-650 метри. Останатите населени места се наоѓаат на надморска височина од 600 до над 1000 метри.

Што се однесува до површината, административно до 2013 година Општина Кичево покриваше најмал дел во споредба со другите општини, односно 49 км2, што претставува 5,9% од вкупната површина во Кичевската Котлина и другите области кои гравитираат околу Кичевско. Според бројот на жители, Кичево беше најголема општина, со 52,5% од вкупниот број на жители во регионот, сè до 2013 година кога општините Другово, Вранештица, Зајас и Осломеј се припоија кон Општина Кичево.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Во 1871 година го објавил препевот на „Илијадата“, но бил жестоко искритикуван, од бугарската критика бидејќи пишувал на општословенски, а не на бугарски литературен јазик (кој не го знаел добро).

ЗА ЖИВОТОТ НА ГРИГОР ПРЛИЧЕВ – „СЕРДАРОТ“

Татко му починал кога тој бил шестмесечно бебе, па грижата за семјството паднала врз...

Градоначалничката на Градот Скопје, Данела Арсовска, денеска присуствуваше на промоцијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и УСАИД, каде беше промовирано „Упатството за огранизирање заеднички наставни часови

Град Скопје лидер во меѓуетничката интеграција во образовниот процес!

Град Скопје лидер во меѓуетничката интеграција во образовниот процес! Градоначалничката...