Оваа струшка институција, како што е наведено во Законот за извршување санкции, е казнено-поправен дом од отворен вид.

Објавил: Перо Милчин | 26 октомври, 2020 12:42

КИЧЕЕЦ ВЛЕЗЕ ЗАД РЕШЕТКИ: Примен во затворот во Струга

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Зоран Милески-Кичеец утрово влегол во Казнено-поправниот дом (КПД) во Струга да ја издржи правосилната затворска казна од три години на која е осуден во случајот „Рекет“. Од Управата за извршување санкции за 360 степени“ потврдија дека во моментов се врши прием на осудениот во приемното одделение.

Појавувањето на Кичеец во струшкиот КПД следува откако пред десетина дена тој доби упатен акт од Основниот суд во Охрид.

Оваа струшка институција, како што е наведено во Законот за извршување санкции, е казнено-поправен дом од отворен вид.

На осудениот му останаа за издржување помалку од три години, бидејќи околу 8 месеци беше во притвор (прво во затворот „Скопје“, а потоа во домашен), период кој влегува во пресметувањето на казната.

Кичеец е осуден за делото примање наградата за противзаконито влијание.

Тој на 15 јули 2019 година, заедно со Бојан Јовановски-Боки 13, беше уапсен како осомничен во истрагата за „Рекет“, која тогаш ја отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести