Заштитна маска на лицето, држење физичка дистанца, често миење на рацете!

Објавил: Владо Марин | 1 август, 2020 13:15

Клучно е да се почитуваат личните мерки за заштита и донесените протоколи за работа на плажите и базените од страна на СИТЕ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Со зголемениот број на посетители на туристичките места низ државата, клучно е да се почитуваат личните мерки за заштита и донесените протоколи за работа на плажите и базените од страна на СИТЕ. Да го сочуваме нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски.

Заштитна маска на лицето, држење физичка дистанца, често миење на рацете;

Ограничување на бројот на посетители на плажа до максимум 15 посетители на 100 м²;
Задолжително меѓу поставените чадори да се обезбеди минимално растојание од 4 метри, а растојание од 1,5 до 2 метра меѓу лежалките поставени под соседни чадори;
Лежалките задолжително да се дезинфицираат пред и по користењето на секој посетител, а секое лице задолжително да постави пешкир на лежалката пред да ја употреби;
 Во однос на работата на базените, пред билетарите задолжително да се обележи растојание од 1,5 до 2 метра;
 Да се препорача и практикува бесконтактно плаќање со кредитни картички и да се обезбеди и препорачува онлајн купување на билети;
Користењето на соблекувалните е дозволено по принцип еден посетител во една соблекувална со воспоставување ред од назначени лица од редарска служба;
Зачестено да се чистат и дезинфицираат соблекувалните на секои два часа (по потреба и почесто);

При влез во базенскиот дел, задолжително секој посетител да се истушира и да помине преку хиперхлорирана дезбариера за миење на нозете.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...

Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија,...