Дали ќе се одземе мандатот на Никола Груевски ?

Објавил: Узунов Бобан | 23 мај, 2019 10:12

Клучот за одземање на мандатот на Никола Груевски е во 8-те одметнати пратеници од ВМРО ?!

Фото/Текст извор: ©магазин

Утврдување на Предлогот за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски, поради неоправдано отсуство повеќе од шест месеци, е на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Од собраниски избори дознаваме дека официјалниот став на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е да бидат воздржани по однос на ова прашање се додека не се реши прашањето со одговорноста за нарачката на недозволени супстанци од страна на пратеникот Павле Богоевски. 

Од собраниски извори дознаваме дека 8-те одметнати пратеници исто така нема да бидат присутни на собраниската седница и нема да гласаат за одземање на мандатот на поранешниот премиер Никола Груевски. 

Вчера пратеникот и поранешен премиер Емил Димитриев изјави дека не може да гласа за одземање на мандатот на Никола Груевски бидејќи тој не му го дал.   

Седницата е закажана врз основа на претходно известувањето од претседателот на Собранието  доставено на 15 мај.

Според член 59 од собранискиот Деловник, за пратеникот кој неоправдано отсуствувал од седниците на Собранието повеќе од шест месеца, претседателот на Собранието ја известува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Предлог за одземање на мандатот на пратеник во овој случај, поднесува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, во рок од 15 дена од денот на добивањето на известувањето од претседателот на Собранието, а по нејзиниот предлог за одземање на мандатот на пратеникот, Собранието води претрес на првата наредна седница.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.