Во тек е саемот на книгата каде може да се најде и книгата на поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, и за големо изненадување книгата се продава уште од првиот ден.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 мај, 2019 15:55

Книгата на поранешниот премиер Никола Груевски се продава како алва на Саем на книгата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото: Независен Весник

При својот престој во Будимпешта, изгледа поранешниот премиер решил да заработува, па пред извесно време објави книга ,,Искуства за иднината” која може да се најде во издавачката куќа „Ѓурѓа“.

Во тек е саемот на книгата каде може да се најде и книгата на поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, и за големо изненадување книгата се продава уште од првиот ден.

– Има многу заинтересирани. Ја купуваат. Некои земаат и по пет примероци. Имаме мал проблем затоа што немаме пос-терминал, па не може да наплаќаме од картичка, но се враќаат со кеш и земаат по неколку примероци – велат на штандот на „Ѓурѓа“ за Независен Весник.

Книгата е испечатена во тираж од 1.000 примероци.

Книгата всушност претставува докторски труд на Никола Груевски на тема : „Економските ефекти на различните видови на меѓународни текови на капитал со посебен осврт на Република Македонија“ одбранет во јули 2018 година на Економскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

За сега книгата на екс премиерот е испечатена во 1.000 примероци. За својата прво објавена книга Груевски се пофали и на Фејсбук. 

„Мојата нова книга, излегува од печат преку издавачката куќа „Ѓурѓа“. Од утре, среда, 8-ми мај на саемот на книгата, а од петок и во тврдиот повез. Во септември и англиска верзија“.  Неизбежно е да потенцирам дека оваа книга се издава токму во вре­ме на сложени политички случувања во Македонија и кога веќе поло­вина го­дина имам статус на личност со доделен политички азил како поли­тичко про­гонето лице и се наоѓам во Република Унгарија.Издавањето на книгата не одеше според планот кој го имав во летото 2018 година.Издавањето беше планирано да се случи во јануари 2019 година, по довршување на одредени дополнувања во книгата поврзани со обезбедува­ње и внесување дополнителни податоци објавени по предавањето на
доктор­скиот труд за одбрана, а заради поголема актуелност на книгата. напиша Груевски на Фејсбук.

Инаку Саемот на книгата се одржува во ВИП Арена „Борис Трајковски“ а ќе биде отворен за посетители до 14 мај. Работното време во седумте саемски денови е од 10 до 20 часот, а учествуваат околу 70 издавачи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала!

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА Град Скопје реагира на...

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата...

„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари.

Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  заедно со градоначалникот...