Граѓаните им кажаа не на криминалот, корупцијата и непотизмот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 април, 2019 16:03

“Коалицијата предводена од СДСМ и ДУИ е поразена, граѓаните кажаа не за криминалот, корупцијата и непотизмот”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Гордана Сиљановска Давкова победи во 47 општини во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е победник на овие избори, поразена е коалицијата на власт предводена од СДСМ и ДУИ, во која има над триесетина партии, стои во соопштението на ВМРО.

Во вториот круг на претседателските избори закажан за 5ти мај проф.Силјановска ќе биде во трка со кандидатот поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски

Од таму велат дека со првиот круг на изборите започнал бранот за промена, а граѓаните им кажаа не на криминалот и корупцијата. Како што се вели во соопштението граѓаните не би сакале претседател како Пендаровски кој е всушност ист како и актуелниот премиер Зоран Заев.

Граѓаните им кажаа не на криминалот, корупцијата и непотизмот. Граѓаните гласаа за право и правдина. Пендаровски изгуби затоа што е ист како Зоран Заев. Пендаровски не нуди ништо ново за државата, напротив нуди стагнација. На овие избори граѓаните  покажаа дека не се плашат на заканите и притисоците од власта. Граѓаните покажаа храброст и желба за подобра иднина. Со Пендаровски Македонија само ќе тоне, исто како што тоне во изминативе две години, стои во соопштението на ВМРО.

Од опозициската партија ги повикуваат неопределените граѓани да се одлучат да гласаат за професорката Силјановска Давкова.

Ги повикуваме граѓаните во вториот круг да му го зададат финалниот удар на СДСМ и да излезат со голема поддршка за Силјановска. Победа на Сиљановска значи почеток на крајот СДСМ. За право и правдина, за подобра иднина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести