Хеликоптерот на Коби бил од типот, Сикорски С-76Б, направен во 1991 година, и вчера беше објавено дека немал црна кутија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 јануари, 2020 10:49

Коби и Ванеса имале договор никогаш да не патуваат заедно со хеликоптер

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Коби Брајант кој беше еден од најпознатите кошаркари во светот, и неговата ќерка, тринаесет годишната Џијана во неделата трагично го загубија животот заедно со уште седум други лица во хеликоптерска несреќа во Лос Анџелес, САД.

Хеликоптерот на Коби бил од типот, Сикорски С-76Б, направен во 1991 година, и вчера беше објавено дека немал црна кутија.

Брајант и останатите осуммина жртви ги загубија животите кога приватниот хеликоптер на поранешниот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс се срушил во Калабасас, Калифорнија.

Имено Коби Брајант користел хеликоптер многу често. Медиумите пренесуваат дека уште од времето кога бил НБА играч тој сакал да го скрати времето кое го минувал во превоз, па поради тоа решил да купи свој приватен хеликоптер, односно се што сакал било да се избегне метежот во Лос Анџелес.

Она што е интересно за јавноста е тоа што двајцата родители биле свесни дека може да се случи несреќа, па брачните другари Коби Брајант и Ванеса имале договор никаде д ане патуваат заедно со хеликоптер бидејќи во тој случај децата би останале без двајца родители.

Според извештајот од американската Национална комисија за безбедност во сообраќајот хеликоптерот немал црна кутија, односно дека за тоа летало не бил потребен уред за снимање.

Се уште не е позната точната причина за падот на хеликоптерот, се претпоставуваше дека несреќата се случила поради густа магла и намалена видливост,  а Џенифер Хоменди од Националната комисија за безбедност во сообраќајот изјави дека во такви услови преживувањето на несреќата било тешко.

Според она што вчера излезе во медиумите хеликоптерот бил предупреден дека летал ниско. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.