АД ЕСМ има обврска да биде и заштитник на цената на струјата што ја плаќаат граѓаните.

Објавил: Владо Марин | 17 септември, 2020 8:08

Ковачевски: АД ЕСМ е заштитник на цената на струјата за домаќинствата

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски во емисијата Отворено студио на Телевизија 24 уште еднаш го афирмираше ставот дека Државните електрани на Северна Македонија се заштитник на цената на струјата за домаќинствата.

На огласот за набавка на струја што го распишува универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, АД ЕСМ годинава има обврска да понуди 75 % од потребните количини на електрична енергија на граѓаните.

Цената по која АД ЕСМ ја нуди струјата на ЕВН Хоум ги има во предвид и ликвидноста на компанијата и економската (не)моќ на граѓаните. Затоа, цената на струјата што ја нуди АД ЕСМ е неколкукратно пониска од онаа на останатите учесници на тендерот.

Тоа се трговски компании чија најголема одговорност е профитот. Ако АД ЕСМ не понуди 100 % од потребните количини струја за задоволување на потребите на домаќинствата, тогаш ЕВН Хоум ќе ги набави тие количини по далеку повисока цена.

Тоа несомнено би предизвикало уште поголемо зголемување на цената на струјата. АД ЕСМ како компанија во државна сопственост нема обврска како некои други компании единствено и исклучиво да размислува за што поголем профит.

АД ЕСМ има обврска да биде и заштитник на цената на струјата што ја плаќаат граѓаните.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести