На денешната седница, која се одржа преку видеоконференциска врска, прифатен е предлогот до 31 декември 2022 година да се продолжи рокот на одлуката за постоење кризна состојба на дел од територијата на цела држава.

Објавил: Мате Парлоф | 6 јуни, 2022 12:51

Ковачевски, Вучиќ и Рама на Самитот на „Отворен Балкан“ во Охрид ќе потпишат заемно признавање дипломи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешната седница, која се одржа преку видеоконференциска врска, прифатен е предлогот до 31 декември 2022 година да се продолжи рокот на Одлуката за постоење кризна состојба на дел од територијата на цела држава!

Владата денеска на седница донесе измени и дополнувања на заклучокот од претходната седница во врска со Договорот за соработка за земјите од Западен Балкан во областа на заемно признавање дипломи и научни степени издадени од високообразовни институции и други овластени институции.

„Согласно измените на заклучоците, потписник на овој договор, кој ќе биде потпишан на Самитот на ‘Отворен Балкан’ на 8 јуни во Охрид, ќе биде претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, додека од страна на Република Србија договорот ќе го потпише претседателот Александар Вучиќ, а во име на Република Албанија, премиерот Еди Рама“, соопшти владината прес-служба.

На денешната седница, која се одржа преку видеоконференциска врска, прифатен е предлогот до 31 декември 2022 година да се продолжи рокот на одлуката за постоење кризна состојба на дел од територијата на цела држава.

Рокот на одлуката се продолжува поради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на државата и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење пандемија од вирусот ковид-19 и спречување на негово ширење.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.