Ковачевски претходно работеше во ТВ Канал 5, како и во Македонската радиотелевизија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 јуни, 2020 0:18

Ковачевски немал посериозни здравствени проблеми

Фото/Текст извор: ©Сдк.мк

Денеска македонската јавност ја потресе веста за прераната смрт на новинарот и портпарол на компанијата ЕВН Атанас Ковачевски.

Од ЕВН за Сдк, потврдија дека Ковачевски починал рано утринава, а претходно немал посериозни хронични и здравствени проблеми.

Ковачевски кој на јавноста и беше познат од ТВ екраните како новинар од сферата на економијата, а во последните години работеше како портпарол на ЕВН прерано го напушти овој свет.

Ковачевски претходно работеше во ТВ Канал 5, како и во Македонската радиотелевизија.

На неговиот Фејсбук профил утринава можеше да се видат бројни пораки од неговите пријатели кои се простуваа од него.

„Ковачевски со својата исклучителна професионалност и колегијалност даде огромен придонес во отвореноста на компанијата и нејзината комуникација, а со тоа генерално и во развојот на енергетскиот сектор во земјава“, велат од ЕВН за порталот Сакам да кажам.
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести