СДСМ секогаш била и мора да остане партија која обединува.

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 ноември, 2021 14:05

Ковачевски: Ќе се кандидирам за претседател на СДСМ, подготвен сум да преземам одговорност

Фото/Текст извор: ©магазин

​СДСМ треба интензивно да ја спроведува европската агенда, но не може да очекуваме дека ЕУ или некој друг ќе ни ги реши проблемите. 

Приоритет мора да е домашната политика, подигање на животниот стандард на граѓаните, јакнење на економијата.

Ова во интервју за МИА го вели Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, кој вчера изјави ќе се кандидира за лидер на партијата, откако социјалдемократите во петокот ја утврдија оставката на претседателот на партијата Зоран Заев и распишаа внатрепартиски избори по пат на непосредно гласање што ќе се одржат на 12 декември.

На обвинувањата на опозицијата оти е „маша” во рацете на Заев, Ковачевски вели оти не е ничиј човек, туку, како што изјави, „човек со интегритет и големо професионално искуство соодветно за позицијата претседател на СДСМ” и оти како долгогодишен член на СДСМ ја очекува поддршката од многу сопартијци, актуелни и минати функционери. Ковачевски додава дека СДСМ секогаш била и мора да остане партија која обединува.

Во овој процес многу е важно да го зајакнеме единството и да го мотивираме секој член да се приклучи на промените. Верувам дека со нова стратегија и реорганизација на партијата брзо ќе ја вратиме и зголемиме поддршката. Јас сум ослободен од внатрепартиски поделби и игри кои ги сметам за многу непродуктивни. Јас верувам дека можеме да ја вратиме поддршката веќе на следните избори, но само доколку граѓаните и членовите на СДСМ ја видат потребната промена во партијата и начинот на раководење и во Владата и во самата партија, вели тој во интервјуто за МИА.

Сдсм во петокот ја утврдија оставката на претседателот на партијата Зоран Заев и распишаа внатрепартиски избори по пат на непосредно гласање што ќе се одржат на 12 декември.

Господине Ковачевски, официјално потврдивте дека ќе се кандидирате на внатрепартиските избори во СДСМ за претседател на партијата. Очекувате ли други кандидати и кои се вашите следни чекори, ќе водите ли кампањата до изборите?

Да, ќе се кандидирам и подоготвен сум да преземам одговорност. Но, СДСМ е голема партија и во неа има многу способни луѓе кои можат да бидат кадидати за претседател на партијата. Без разлика дали и колку други кандидати ќе има, очекувам достоинствена политичка дебата и избор на ново раководство кое ќе значи нова енергија за партијата, но и за државата.

Во овој процес многу е важно да го зајакнеме единството и да го мотивираме секој член да се приклучи на промените. Верувам дека со нова стратегија и реорганизација на партијата брзо ќе ја вратиме и зголемиме поддршката. Јас сум ослободен од внатрепартиски поделби и игри кои ги сметам за многу непродуктивни. Затоа во мојата комуникација ќе обединувам наместо да делам, а внатрепартиската дебата од моја страна ќе биде исклучително конструктивна.

Во партијата сега повеќе од било кога сите сме си потребни. Ќе треба да се научиме да се критикуваме за слабостите и да извлекуваме поука од нив за да ги менуваме работите кон подобро. Но исто така и да се почитуваме за стореното и да не забораваме.

Сите сегашни и минати функционери во одреден период придонесувале и работеле во интерес на граѓаните и сите тие мора да бидат почитувани од страна на новото раководство. Јас сум член на СДСМ од 1994 година и во изминатите речиси 30 години сум имал прилика да соработувам со сите минати раководства. Идниот претседател на СДСМ мора да има план како да ги вклучи и да ја обезбеди нивната поддршка. Самите избори пак мора да ги спроведеме ефикасно и демократски, а потоа да се фокусираме на решавање на проблемите од интерес на граѓаните. Тоа граѓаните го очекуваат од нас како партија, а не да се занимавме со бескрајни дебати и јас тоа нема да го дозволам. Граѓаните бараат решенија и работа.

Се добива впечаток дека премиерот Заев ве промовира, а ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека вие би биле само негова „маша” во рацете. Како одговарате на овие коментари?

Претседателот Зоран Заев постигна извонредни резултати во својот мандат. Благодарение на неговата политика на отвореност и храброст за решавње на најтешките проблеми, денес сме сигурна и стабилна држава членка на НАТО и на чекор од преговори со ЕУ.

Но јас не сум ничиј човек, туку човек со интегритет и големо професионално искуство соодветно за позицијата претседател на СДСМ. Како долгогодишен член на СДСМ, очекувам поддршка од многу сопартијци, актуелни и минати функционери со кои успешно соработувам. Што се однесува до професионалната кариера, горд сум на се што постигнав во приватниот сектор работејќи на високи раководни позиции во меѓународни компании, академската кариера како професор, но и како претприемач во своја сопствена компанија. Затоа, воопшто не ме загрижуваат ваквите коментари бидејќи доколку станам претседател многу брзо ќе ги демантирам овие етикети со работа и резултати. Мојот фокус е токму на тоа – да донесам квалитетни промени кои граѓаните и нашите членови ги очекуваат, но и многу брзо ќе ги препознаат.

СДСМ историски најниско падна во на овие избори освојувајќу 230.000 гласови. Како планирате да ја вратите поддршката, знаете ли зошто се случи ова и какви промени треба да се направат?

СДСМ на овие избори на некој начин беше казнет од своите гласачи кои решија да останат дома или да гласаат за помали партии и независни листи. Добро е граѓаните да испратат порака кога не се задоволни бидејќи тоа не тера нас политичарите да ги менуваме политиките. Јас верувам дека можеме да ја вратиме поддршката веќе на следните избори, но само доколку граѓаните и членовите на СДСМ ја видат потребната промена во партијата и начинот на раководење и во Владата и во самата партија.

Прво, сметам дека е потребна поголема ефикасност во владеењето и исполнување на ветувањата, но и поголем фокус на реалните потреби на граѓаните. Владата на СДСМ храбро се посвети на решавање на историските проблеми со соседите и го отвори европскиот пат што одзема многу енергија и време. Сепак, тоа остави празнини во реалната политика како и реализација на ветувања и проекти. Ова мора да го унпаредиме преку поголем фокус на клучните проблеми дома, добар менаџмент од професионалци на сите позиции и одоговорност на секој функционер за својата работа.

Понатаму, сметам дека СДСМ мора да ја подобри комуникацијата со членството. Не може да ги бараме луѓето само пред избори или кога нешто и треба на партијата, туку постојано да ги вклчуваме, а нивниот глас да биде слушнат. И не е доволно само да биде слушнат туку и да видат дека тоа што го бараат и порачуваат се спроведува.

СДСМ мора да ги продолжи одличните социјални политики, покачувањето на минималната и просечната плата. Но, треба уште повеќе да зборуваме за решенија на проблемите за кои граѓаните зборуваат со семејствата, пријателите и кои им го отежнуваат секојдневнието. Партијата која владее треба да биде постојан контакт со реалните проблеми и на истите да има одговори.

Понатаму, потребно е одговорно владеење и недвосмислена борба со криминалот и корупцијата. Не се доволни успешни реформи на судскиот систем и добри закони. Граѓаните сакаат да видат дека сите ние како политчари со личен пример и во пракса го спроведуваме тоа. Потребна е поголема конзистентност помеѓу она што го зборуваме и она што го правиме и само така ќе ја вратиме довербата.

СДСМ секогаш била и мора да остане партија која обединува.

На локалните избори дозволивме да се намали коалицискиот потенцијал на партијата, но се случија и внатрешни несогласувања што резултираа со поделби на изборите. Моја главна цел ќе биде да ја обединам партијата и да ги надминеме разликите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...