- Бугарија беше првата држава што ја призна Македонија веднаш по осамостојувањето - под името Република Македонија.

Објавил: Едмонд Бекири | 25 април, 2020 15:42

КОВАЧЕВ: Вашиот современ македонски идентитет лежи на бугарската национална историја!

Фото/Текст извор: ©мкд

Повод за разговорот со Ковачев е Изјавата на Бугарија во која нашиот сосед ја условува македонската евроинтеграција со брзо „решение“ за историјата од 19 и 20 век, со исфрлање на терминот „македонски јазик“ и воведување на „службен јазик на РСМ“… Ковачев ги коментираше и изјавите на Стево Пендаровски, Никола Димитров и Александар Николовски и на оваа тема.

Дали за Вас постои македонска држава во која живее македонски народ што зборува на македонски јазик?

– Бугарија беше првата држава што ја призна Македонија веднаш по осамостојувањето – под името Република Македонија. Веднаш на младата република ѝ дониравме воена опрема за да може да се спречи потенцијалната закана од тогашна Југославија, во која тогаш доминираше Србија на Милошевиќ. Ние ве поддржавме и за време на ембаргото на јужната граница со храна и гориво.

Потоа го браневме суверенитетот и територијалниот интегритет на тогашната Република Македонија за време на настаните во 2001 година.
Историски гледано, оставањето на географската област Македонија во рамките на Отоманската Империја беше огромна драма за тогашните поколенија на Бугарите од тие земји, кои го претставуваа најголемиот дел од населението.

Бугарија секогаш ја поддржуваше Македонија со сите сили и средства, дури и под ризик од сопственото постоење, борбата на македонските Бугари за автономија, ослободување и независност во согласност со она што се случуваше на светската сцена. Значи, не треба да има какво било сомневање дека и јас и Бугарија ја почитуваме современата реалност што е факт по драматичните настани од минатиот век. Само заедно, заедно како дел од едно големо демократско европско семејство, можеме да ги надминеме страдањата и раздвојувањето од минатото. Затоа мотото на Европската Унија е „Обединете се во различностите“.

– Бугарија беше првата држава што ја призна Македонија веднаш по осамостојувањето – под името Република Македонија. Веднаш на младата република ѝ дониравме воена опрема за да може да се спречи потенцијалната закана од тогашна Југославија, во која тогаш доминираше Србија на Милошевиќ. Ние ве поддржавме и за време на ембаргото на јужната граница со храна и гориво. Потоа го браневме суверенитетот и територијалниот интегритет на тогашната Република Македонија за време на настаните во 2001 година.

Велите „македонските Бугари“. Дали ова значи дека за Вас нема Македонци, туку само Бугари што живеат во државата Македонија?

– Не. Напротив. Ние сме браќа. Вие сте Македонец. Во Македонија живеат Македонци и го зборуваат македонскиот јазик. Тоа е реалноста. Тоа е современата реалност за која ви зборувам. Не можам и немам право да го спорам тоа што вие се чувствувате како Македонец.
Но во ЕУ ќе може да влезете само откако ќе ги решиме сите историски отворени прашања. Нема што да спориме за тоа кој бил Гоце Делчев, Даме Груев, Христо Татарчев… Вашиот современ македонски идентитет лежи на бугарската национална историја. Тоа мора да се реши. За тоа нема никакви дилеми меѓу бугарските политички партии, во бугарското општество воопшто. Затоа е многу битно заедничката експертска комисија што е можно побрзо да си ја заврши работата.

Дали Изјавата на Бугарија со условите за датумот за преговори на ЕУ со Македонија е дел од официјалните заклучоци пред меѓувладината конференција за преговарачкиот пакет? Што всушност значат овие услови? Дали Бугарија ќе ги блокира преговорите на секое отворање на поглавјата?

– Изненаден сум што се поставува ова прашање. Ова не е нешто ново за вас. Бугарија отсекогаш имала многу јасна и отворена позиција од основањето на Република Македонија, од осамостојувањето во 1990 година, па сè до сега. Нашиот став е дека ние мора да се обединиме во едно објективно читање на историјата базирано на вистината. Особено кога зборуваме за 19 и почетокот на 20 век. Тоа би било фер. Ова разбирање е во сржта на Договорот за пријателство и добрососедство.

Ова е дел од сите досега усвоени документи од бугарското национално собрание и од бугарската влада. Овие документи се јавни и одамна им се познати на сите во Македонија, и на власта и на опозицијата. Затоа не разбирам зошто ова прашање продолжува да се поставува.
Отсекогаш сме се залагале за помирување и ја поддржувавме вистината. Бугарија секогаш ја поддржуваше, ја поддржува и ќе продолжи да ја поддржува Македонија во интеграцијата во во НАТО и во ЕУ.

Бугарија е првата земја што го ратификува Договорот за пристапување во НАТО. Наша единствена желба е во ЕУ да не влезат манипулациите и лагите за историјата. Затоа беше потпишан и Договорот за соседство и беше формирана експертската комисија. За жал, Македонија еднострано ја прекина работата на оваа комисија и тоа е основата на проблемот, а со тоа не се исполнуваат членовите од Договорот за добрососедство.
Како што реков и претходно, нашиот став не е од вчера и да, тие ставови се дел од заклучоците на Советот за проширување. Напредокот во добрососедските односи и решавањето на историските проблеми се клучен дел од процесот пред почетокот на преговорите за членство во ЕУ.

Во Македонија има различни толкувања на овие бугарски услови. За министерот Димитров и за претседателот Пендаровски, тоа е унилатерална изјава што ќе се реши на билатерално ниво и тука ЕУ воопшто не е вмешана. За опозиционерот Александар Николовски овие услови се антимакедонски. До каде ќе оди Бугарија со овие барања?

– Јас разбирам дека опозицијата, која го носи името на бугарската револуционерна организација БМОРК/ВМОРО/ВМРО, создадена од етничките Бугари Гоце Делчев, Иван Татарчев, Даме Груев, сака да води политика на оваа тема и да ја обвини актуелната македонска власт. Сепак, ова не е моја работа и нема да се вклучам во овој спор.

Повторувам, нема ништо ново во ставот на Бугарија. Јас сум пријател со господинот Николовски и тој многу добро ја знае нашата позиција од многубројните средби со Никола Груевски, Влатко Ѓорчев и сега, исто така со Христијан Мицкоски. Во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје видов портрети на големите Бугари Тодор Александров, Христо и Милан Матови, Ванчо Михајлов… Имаме заедничка историја и тогаш нашите заеднички предци сè уште не беа разделени од југословенскиот комунизам.

Целото интервју погледнете го ТУКА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...