Коментарот на Ковачев доаѓа во период кога се очекува усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија и закажување на првата Меѓувладина конференција за старт на преговорите со ЕУ.

Објавил: Владо Марин | 11 октомври, 2020 15:08

Ковачев за празникот 11-ти Октомври: Зошто на Заев му требаше оваа антибугарска провокација?

Фото/Текст извор: ©360 степени/Магазин.мк

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој доаѓа од редовите на владејачката ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов, на Фејсбук излезе со коментар за прославата и честитката на премиерот Зоран Заев по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нарекувајќи ги провокација кон Бугарија.

„Зошто на Заев му треба оваа антибугарска провокација токму сега? Србин убива Бугарин, татко на три деца и родина на Даме Груев. Ова се нарекува ‘народно востание’ и се прославува секоја година! Во ЕУ нема место за лагите и антибугарската идеологија“, напиша Ковачев на Фејсбук, споделувајќи линк од македонски медиум во кој е објавена честитката на премерот Заев за денешниот празник.

Коментарот на Ковачев доаѓа во период кога се очекува усвојувањето на преговарачката рамка за Македонија и закажување на првата Меѓувладина конференција за старт на преговорите со ЕУ.

Денеска и премиерот Зоран Заев излезе со изјава дека ако Бугарија остане на своите барања ќе треба да се подготви македонскиот народ дека првата меѓувладина конференција нема да се одржи во декември, но исто така, тој настапи и со уверување оти ќе пронајдат заедничко решение со Бојко Борисов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести