Господа од власта, нашиот народ е питом народ. Нашиот народ е напатен народ.

Објавил: Владо Марин | 10 мај, 2020 10:40

Ковачки до Заев: Истиот тој народ, кој за вас најпрвин беше стока, а сега и го опцувте, многу брзо ќе донесе правилна пресуда!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Малку ли ви беше што го избришавте АСНОМ од Уставот?
Малку ли ви беше што на тој народ случајно, или намерно, му ја цензуриравте химната?
Малку ли ви беше што го предадовте истиот тој “мултиетнички народ” со с’шт произход както и Б’лгарскиот?

Го слушнав разговорот на поранешниот премиер. 3 пати го преслушував и не сакав да верувам дека е вистина тоа што го слушам.
Дали тоа беше пцовка насочена кон својот народ?

Господа од власта, нашиот народ е питом народ.
Нашиот народ е напатен народ.
Нашиот народ е изморен од лаги и измами.
Досега е лажaн и прелажуван од политичари кои го преведуваа жеден преку вода. И токму од истиот тој народ повторно ќе барате глас на избори.

Притоа, лежерно седејќи со друштво, ноншалантно го навредувате и покажувате колку вистински го цените. Со пцовка!

Малку ли го пониживте тој народ со тоа што го сменивте името на неговата држава, иако јасно и гласно ви кажа НЕ?
Малку ли ви беше што ги прекршивте скоро сите закони во овие 3 години?
Малку ли ви беше што со силување го сменивте  уставот?

Малку ли ви беше што го избришавте АСНОМ од Уставот?
Малку ли ви беше што на тој народ случајно, или намерно, му ја цензуриравте химната?
Малку ли ви беше што го предадовте истиот тој “мултиетнички народ” со с’шт произход както и Б’лгарскиот?
Малку ли беше што тајно и насилно му ги брусите и стругате вековните симболи што тој народ сам си ги создавал?
Малку ли беше….

И на крајот, истиот тој народ да го опцуете.
Да го опцуете?
Срамота!

Какво ниско ниво. Па уште и со сарказам коментирате дека тоа било позитивно за вашиот рејтинг. Неверојатно!

Мислам дека гледањето на народот од височина, како да станува збор за некаква си ниска безмозочна гласачка машинерија, е својствено за елитистичката партија на власт, која во најмала рака мора веднаш и без одлагање колективно да се огради од својот фронтмен. Да се извини и да побара прошка.

Истиот тој народ, кој за вас најпрвин беше стока, а сега и го опцувте, многу брзо ќе донесе правилна пресуда. Нашиот народ двапати мери, а еднаш сече.

Фејсбук статус на Драган Ковачки!

Тој доаѓа од АРМ и е со чин полковник, а претходно има поминато низ сите скалила. Учесник во повеќе мировни мисии на НАТО силите и е одликуван со ордени и заслуги за државата.

Ковачки доаѓа од АРМ и е со чин полковник, а претходно има поминато низ сите скалила. 

Има завршено повеќе високи школи и обуки во Сад и Европа. Има завршено на Кралски колеџ за одбранбени студии во Велика Британија, Командно-штабна академија во Р. Хрватска и Воена Академија во Р. Македонија.

Има успешно завршено обуки во Велика Британија за стратегиско лидерство и контраразузнавање, во САД за стратегиско разузнавање и анализа, како и обуки за борба против тероризмот. Бил дел и од обуките на НАТО алијансата па има успешно завршено обуки за команданти на НАТО, НАТО обука во Германија, НАТО обука за офицери во Шведска, и повеќе други во Турција, Бугарија и други земји.

Ковачки беше предлог на Христијан Мицкоски за технички министер за внатрешни работи!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...