Предлог за ковид пасоши!

Објавил: Перо Милчин | 28 февруари, 2021 13:46

КОРОНА ПАСОШИ: Ќе ни требаат да ја зајакнеме британската економија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за финансии на Велика Британија, Риши Сунак, денес оцени дека идејата за воведување на корона пасош може да биде добар начин за олеснување на економското закрепнување на Велика Британија од пандемијата.

Тоа е комплицирано, но е релевантно прашање како да се помогне во нормализирање на животот во земјата“, рече Сунак утрово во интервју за Би-Би-Си, пренесува Ројтерс.

Британскиот премиер Борис Џонсон минатата недела изјави дека владата ќе ги разгледа научните, моралните, филозофските и етичките аспекти на прашањето за користење сертификати за лица кои се имунизирани, што ќе придонесе за обновување на секторот за забава и услуги.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.