Трогателен говор одржа и еден од најдобрите пријатели на Коби, Мајкл Џордан кој не можеше да ги сокрие солзите. Џордан пред присутните одржа потресен, емотивен говор и кажа за нивниот пријателски однос.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 февруари, 2020 10:20

„Кога загина Коби, загина и дел од мене- Мајкл Џордан со солзи во очите се прости од својот “помал брат”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера се одржа комеморацијата на трагично загинатиот кошаркар Коби Брајант и неговата 13 годишна ќерка Џиана, кои загинаа при хеликоптерска несреќа.

Мајкл Џефри Џордан (англиски: Michael Jeffrey Jordan) (роден 17 февруари 1963) – поранешен американски НБА кошаркар, активен бизнисмен, и моментален сопственик на НБА клубот Шарлот Хорнетс. Сметан е за еден од најдобрите кошаркари на сите времиња.
Мајкл Џордан поминал 15 сезони во НБА лигата со 30,12 поени по натпревар во регуларниот дел од сезоната (најмногу во НБА). Освоил шест НБА шампионати со Чикаго Булс, бил 10 пати најдобар стрелец и пет пати избран за најкорисен играч во лигата. Девет пати бил избран во првата одбранбена петорка, а три пати бил најдобар по бројот на украдените топки. Од 1983 рекордни 49 пати се појавил на насловнота страница на списаниет Спортс илустрејтед, а во 1991 бил прогласен за спортист на годината во изборот на ова списание.Во 1999 година е прогласен за „најдобар северноамерикански спортист во 20-тиот век“ по изборот на спортскиот канал ЕСПН. Неговиот силен одраз и забивањата од линијата за слободни фрлања му ги донеле прекарите „Воздушниот Џордан“ и „Воздушното височество“.

Трогателен говор одржа и еден од најдобрите пријатели на Коби, Мајкл Џордан кој не можеше да ги сокрие солзите. Џордан пред присутните одржа потресен, емотивен говор и кажа за нивниот пријателски однос.

Мајкл Џордан со солзи во очите се потсетуваше на најубавите моменти со неговиот колега, кој го нарекува помлад брат.

„Сите знаете дека јас на него гледав како на помал брат. Сите сакаа да нe споредуваат. Јас сакав само да зборувам за Коби. Сите ние имаме помали браќа и сестри кои понекогаш стануваат здодевни. Но, тоа прераснува во љубов бидејќи тие се угледуваат на вас.Почна постојано да ми се јавува, дури и во 3 часот наутро, за потези и шутеви. Прво ме нервираше. Но, ова дете ја имаше пасијата. Тој сакаше да биде најдобриот кошаркар. А, јас, сакав да му бидам најдобриот поголем брат. Морав да трпам многу работи, телефонски повици и глупави прашања. Но, тој само сакаше да биде подобра личност“.

Мајкл Џордан со својот говор не остави рамнодушен ниту еден од присутните на комеморацијата.

„Кога тој загина, умре и дел од мене“.Заради него сега ќе прераснам во уште едно меме како плачам“ – рече Џордан и успеа да ја насмее публиката, потсетувајќи се на неславното меме за него „Џордан плаче“, кое вирално се ширеше уште во 2009-та.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Кошарка

Посебно емотивен беше најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Фото: Спектакуларен пречек на Ѓоковиќ, српските кошаркари и баскетџии во Белград Србија синоќа ги поздрави своите спортски херои

Србија синоќа ги поздрави своите спортски херои, српската кошаркарска репрезентација...

Тој му ветил на Коби дека ќе започне да тренира деца, а како доказ приложи видео од кошаркарскиот камп за деца, нешто што Коби г побарал од него. 

ЈА ИСПОЛНИ ЗАДАЧАТА КОЈА МУ ЈА ДАДЕ КОБИ: Голема одлука на НБА ѕвездата!

Гилберт Аринас, порано познат како „Агент Зиро“ и sвездата на „Вашингтон Визардс“...

Како што пренесува „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на извори блиски на семејството на Брајант, комеморацијата ќе се одржи во „Стејплс Центар“ во кој кошаркарската ѕвезда цели две децении играше во дресот на „езерџиите“.

Еве кога ќе биде погребан Коби Брајант- одбраниот датум има посебна симболика

Комеморацијата и погребот на Коби Брајант, неговата ќерка Џиана и уште седум лица кои...