Инспекторот за образование Ѓорѓи Илиевски, кој откри незаконски звања кај двајца министри, наместо награда, добива закани!

Објавил: Данаил Михајловски | 13 јуни, 2019 10:31

Кога Меркел би знаела за заканите кон инспекторот Ѓорѓи, Македонија никогаш не би добила датум!

Фото/Текст извор: ©ТВ21

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски, откри скандал каде со злоупотреба на својата положба министерот за образование Арбер Адеми и заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу противзаконски биле избрани во наставно-научни звања на Државниот тетовски универзитет, бидејќи во тоа време вршеле јавни функции. За овој случај инспекторот Ѓорѓи ги известил и премиерот Заев, анти-корупциската комисија, но и амбасадите на земјите членки на ЕУ во Македонија. Во самиот скандал не само што постои морална одговорност за неотповиклива оставка на министрите Адеми и Нухиу, туку има основи и за кривична одговорност за злоупотреба на службена положба и овластување (член 353 од КЗ), за што и двајцата би можеле да бидат осудени со затворски казни од 6 месеци до три години.

Инспекторот Ѓорѓи открива дека заменик-министерот Нухуи неколку пати го контактирал од различни телефонски броеви, при што му се заканил да не излегува во јавност со наводите што ги утврдил. “Се зaкaнyваат, пази имаш семејство внимaвај, имаш деца. Да има и такво нешто. Тоа е нискa работа, тоа се ниcки работи кога ќе слушнеш од заменик-министер за внатрешни работи – рече Илиевски за ТВ Алфа!.

Уште повеќе што откривањето на овој скандал се случува токму во моментот кога премиерот Заев специјално отпатува до Берлин за да ја убеди канцеларката Меркел дека Македонија е правна држава во која се случуваат добри реформи, и која заслужува датум за преговори со ЕУ. Но, замислете во Германија, во владата на Меркел, некој просветен инспектор да открие незаконски стекнати звања на Ања Карличек, министерката за образование, или на Хорст Зехофер, германскиот министер за внатрешни работи? Тоа ќе биде скандал, кој 24 часа по откривањето ќе ги принуди министрите да поднесат оставка. И замислете во текот на скандалот и откривањето да се дознае дека министерот за внатрешни му се заканувал на инспекторот што му го открил скандалот? Тогаш тоа ќе биде мега скандал кој ќе резултира со активирање на обвинителството и судски процес против министрите. Но, тоа е Германија, земја со силен демократски капацитет, со критични медиуми и со висока граѓанска свест за еднаквоста пред законите. 

Која е клучната разлика меѓу меркел и Заев? Во владата на Меркел нема место за министри кои со кршење на законот стануваат професори на државен универзитет, а уште помалку доколку истите му се закануваат да молчи на инспекторот кој им го открил скандалот. Во германскиот систем на вредности и владеење на правото сигурно би имало место и поддршка за инспекторот Ѓорѓи Илиевски, но не би имало место, освен пред истражните органи, за министрите Агим Нухиу и Арбер Адеми. Тоа е клучната разлика и за добивањето на датумот за преговори, но и за членството во ЕУ. Затоа, далеку сме од Европа!

Во Македонија е обратно. Наместо владата, медиумите и институциите да го поддржат и да го пофалат просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски за неговата смелост во едно вакво општество да го открие скандалот за незаконските научни звања на двајца влијателни владини министри, на крајот ќе испадне дека инспекторот е виновен што си го пикал носот кај што не треба. Како поинаку да се разбере замолницата од министерот за образование Адеми кој побарал од инспекторот да го сокрие случајот од јавноста? Како поинаку да се разберат заканите кои заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу му ги испраќал на инспекторот Ѓорѓи и на неговите деца? Кога ова би го знаела канцеларката Меркел, Македонија никогаш не би добила ни датум за преговори, ни надеж за членство во ЕУ. Но, Заев сигурно нема да ја замара госпоѓа Меркел со некојси тврдоглав просветен инспектор, кој смета дека законот треба да важи и за министрите, туку ќе и објаснува за гулашот на Груевски, за про-руските будалаштини на Јанко Бачев, за смелоста на Крсто Мукоски да отвори врати, за бизнис капацитетот на Кочо Анѓушев, за анти-западната опозиција и за блескавиот договор од Преспа. Заев ќе верува дека ја убедил и прелажал Меркел, а Меркел ќе се прави дека не разбира и ќе му дозволи да се чувствува задоволен. Така некако ќе заврши денешната средба и ќе продолжи ова мачно статус-кво во Македонија, која прави чекор напред, а потоа два назад.

Во меѓувреме, министрите Адеми и Нухиу порачаа дека не чувствуваат никаква одговорност за овој случај, додавајќи дека за процедурата во однос на која стекнале наставно-научни звања надлежен е универзитетот. Тие се од ДУИ, тие се неказниви, за нив законите не важат. Така и ќе остане!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски не смее збор да изусти!

ВМРО-ДПМНЕ: Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава

Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски...

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе – Обвинителен акт против едно физичко лице и Обвинителен предлог против правно лице кои се товарат за продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик.

Жан Митрев може да добие затворска казна од 1 до 10 години

Обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен...

Левица во својата политичка иднина има две битки, а првото полувреме е со СДСМ, вели лидерот на Левица Димитар Апасиев во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“.

Апасиев: Црвениот тефтер ни е полн, ништо не забораваме!

Јавно кажуваме дека нема да им биде простено на тие параполициски структури кои што...

Дел од гостите само се заблагодарија за поканата, а дел ја искористија можноста да кажат дека дошле за поддршка.

„Се надевам дека во иднина она што е нормално, да се отвораат клубови кои ќе поврзуваат, а ние имаме многу со бугарскиот народ и дека вакви ликови коишто не поврзуваат ќе бидат имиња и на бугарските клубови во Македонија, а не како сега да ги сфаќаме како провокација.“

изјави Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица.
На улицата пред клубот тешко можеше да се разликува кој е дојден за поддршка, а кој за провокација. Отспротива, без присутни помал број поддржувачи на бугарската ВМРО-БНД. Меѓу новинарите, пак, се појави човек што се претстави како наследник на Вапцаров и се обиде да му подари книга на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

„Тука се е напишано, особено на последната страница си е напишано, тоа е ракопис на Никола Вапцаров каде што пишува кој е, што е.

–Ќе ви дадам јас една книга од нашата македонска историја што ја напишал Никола Јонков Впацаров за Македонија и неговиот македонски иднетитет. Следниот пат ви ветувам ќе ви дадам книга“,

објаснуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

(ВИДЕО) Бугарскиот суд го затвора здружението што го отвори македонскиот клуб во Благоевград

„Во ликвидација“ – пишува во досието на Централниот регистар на Бугарија покрај...