Комисијата за надворешни работи на Собранието на Македонија сеуште чека Димитров да достави документи за своето работење

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 август, 2018 8:52

Кога не сака дома Димитров ќе реферира пред Комитетот за надворешни работи на ЕП

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој престојува во дводневна посета на Брисел, денеска ќе се обрати пред Комитетот за надворешни работи во Европскиот Парламент.

Тој ќе информира за актуелните подготовки за одржување на референдумот, текот на имплементација на клучните реформи во земјата од страна на Владата на Република Македонија и подготовките за скрининг процесот со Европската комисија, со цел на краток рок да се отвори патот за отпочнување на пристапните преговори.

Комитетот за надворешни работи на Европскиот Парламент e работно тело на Европскиот Парламент во кое членуваат претставници од различни парламентарни групи застапени во Европскиот Парламент.

Димитров вчера имаше средба со заменик-генералниот секретар на НАТО, Роуз Готемолер со која разговараше за моменталната состојба во државата, текот на подготовките за престојниот референдум и на имплементацијата на реформите. Притоа, Димитров истакна дека Македонија одлучно оди на патот кон НАТО зацртан пред 25 години.

Никола Димитров одби да ги отстапи доверливите документи пред Македонската Собраниска Комисија за надворешни работи за две средби кај Претседателот Иванов кои се одржале во јануари и мај оваа година. Димитров имаше обраќање само за оценка на работата на амбасадорите но не сакаше да даде отчет за своето работење со факти туку побара да им раскаже на пратениците што се преговарало и пазарело со Грција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести