Бројот на новоинфицирани вчера беше висок, 12.126, така што процентот за сега за сега варира околу еден процент, со вкупно 1.285.084 потврдени случаи на ковид-19, објави ТАС С.

Објавил: Перо Милчин | 10 октомври, 2020 11:49

КОГА УТРОВО МУ ЈА СООПШТИЛЕ ОВАА ВЕСТ НА ПУТИН НЕ МУ БИЛО ДОБРО: Ситуацијата е драматична!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во последните 24 часа, бројот на новоинфицирани со Ковид-19 во Русија се зголеми за нов рекорд, за 12.846, соопшти денеска рускиот кризен штаб.

Бројот на новоинфицирани вчера беше висок, 12.126, така што процентот за сега за сега варира околу еден процент, со вкупно 1.285.084 потврдени случаи на ковид-19, објави ТАС С.

Во последните 24 часа, бројот на смртни случаи се зголемил за уште 197, до денес на вкупно 22.454, додека вкупниот број на пациенти кои се опоравиле е 1.016.202, се вели во соопштението од кризниот штаб.

Додека пак во Украина бројот на смртни случаи од коронавирус за еден ден за прв пат од почетокот на пандемијата е поголем од 100

Како што беше објавено денес во Киев, 108 лица починале од коронавирусот во изминатите 24 часа, според Ројтерс. Претходно, најголемиот број смртни случаи беа забележани на 8 октомври, кога починаа 93 лица.

Од почетокот на пандемијата во Украина, потврдени се 256.266 случаи на коронавирус, а од инфекцијата починале вкупно 4.887 лица, додека 112.570 се опоравиле.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Криза

Авиони на израелското воздухопловство бомбардираа 130 цели на движењето Хамас во појасот Газа во последните три часа. Портпаролот на палестинската Црвена полумесечин,а Мухамед Абу Мусабих изјави за Ал Арабија дека во моментов нема безбедни места во Газа, додавајќи дека секторот од север кон југ е под континуирано гранатирање.

„Тајмс оф Израел“ цитираше висок израелски функционер дека војната во Газа „ќе продолжи со денови или недели, можеби и подолго“.

„Нападите врз Газа ќе бидат извршени со максимална сила и во најголем обем, дури и ако тоа е на штета на израелските граѓани кои се затворени таму“, додаде тој.

Израелска армија: Ја презедовме контролата на целиот граничен појас со Газа

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагри изјави дека армијата е во состојба...

Претседателот Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање вети дека Украина на крајот ќе ги врати градовите што ги изгуби од почетокот на сеопфатната инвазија на Русија на 24 февруари.

Руски проектили погодија станови во Киев

Повеќе експлозии одекнаа во станбена населба во украинскиот главен град рано на 26...