Никој досега не се осмелил да ми се јави и да ми каже како да судам. Јас мирно спијам, и на Мицкоски ќе му порачам нека спие мирно

Објавил: Македонка Димкин | 20 март, 2019 0:50

Кого го лаже судијката Кацарска, дали таа спие мирно поради 24/7 полициска заштита?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Судијката Добрила Кацарска беше гостин во  вечерашното интервју на 1ТВ и го коментираше тоа што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го користи изразот „Кацарска судство“ кое суди по нарачки на Заев.

» Првиот пат кога слушнав кога Мицкоски кажа Кацарска судство слатко се изнасмеав. Мицкоски како претседател на партија може да има сознанија дека некој некогаш нарачувал пресуди. Јас бев судија кога премиери беа Црвенковски, Георгиевски, Бучковски, Груевски, сега Заев. И никој од нив не се осмелил да ми се јави и да ми каже како да судам. Јас мирно спијам, а на Мицкоски ќе му порачам нека спие мирно, кај мене нарачани пресуди нема и нема да има, рече Кацарска.

Во врска пак со обвинетите од 27 април таа рече  дека немала ниту трошка сомнеж дека обвинетите за предметот за 27 април се виновни за делото за кое се товареа.

» Но, бидете сигурни дека не е лесно да се одреди казна затвор, без разлика колку е висока. За секоја пресуда се раководам исклучиво од доказите, секогаш ги анализирам сите докази. За тоа дека казните се драконски, многу лесно се дава таква изјава, но за да кажете дали некој казна е драконска или не, пред себе треба да го имате целиот предмет и сите докази. Треба да се цени фактот дека најниската казна за тоа дело е 10 години. Досега никој не ми рекол дека сум ги затворила патриотите, а терористите слободно се шетаат. Многу луѓе ми приоѓаат и ми честитаат за донесената пресуда, рече Кацарска.

Судијкта во вечерашното интервју на 1ТВ незборави да  испрокоментира дека пресудата за Игор Дурловски и била најтешко донесена ослободителна пресуда во кариерата.

» Во мојата кариера имам донесено повеќе ослободителни пресуди, но ова ми е најтешко донесена ослободителна пресуда. Ги имаме сите докази, но не произлезе дека Дурловски го сторил делото за кое беше обвинет. Мора да нагласиме дека обвинението е само за 27 април, а не за она што се случувало претходно. За Дурловски имавме докази дека влегол во Собранието, ја пеел химната, но не можеше да се поврзе со другите обвинети. Да имавме уште еден доказ, пресудата немаше да биде ослободителна, рече Кацарска.


Архива: Проценката дека на Кацарска е потребна полициска заштита уште на почеток на јуни 2018 ја донел првиот човек на Кривичен по претходни добиени информации и разговори дека постои страв за животот и безбедноста на судијката.

Полициски специјалци  24 часа ја чуваат судијката Добрила Кацарска. Извори од Кривичен велат дека покрај заштитата која судијката ја добива надвор од судот,  полицајци будно ја чуваат и нејзината канцеларија, објави ТВ 24.

Неофицијално, обезбедувањето ја следи во секој чекор .  Проценката дека на Кацарска е потребна полициска заштита ја донел првиот човек на Кривичен по претходни добиени информации и разговори дека постои страв за животот и безбедноста на судијката. Во телефонски разговор судијката не сакаше да  коментира ништо и да каже дали и од кого се плаши и дали побарала обезбедување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести