Предложените измени во ПИОМ фарса, за идните пензионери кои нема да ја подобрат состојбата

Објавил: Перо Милчин | 6 ноември, 2018 20:56

Козметички измени во законот за пензија

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Од опозицијата реагираа дека предложените измени од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска се козметички и нема значително да ја подобрат состојбата.

,, Имаме минимална корекција на придонесот од 0,5 проценти, втората мерка е дека воведуваме јасен критериум за влез во вториот столб од пензискиот систем, а тоа е денот и годината на раѓање. Сите оние што се родени до 1.1.1967 година ќе може да се вратат и да добиваат пензија само од првиот столб. Со тоа даваме можност граѓаните да имаат поповолни пензии. Исто така, ќе може сите оние кои користат бенефициран стаж да се вратат и да користат пензија само од прв столб. Во моментов во таква ситуација се вработените во МВР и во МО, што ги става во поповолна положба. Но, најранливите се во двостолбен систем и имаат нереално ниски пензии. Ние го правиме системот праведен за сите оние кои имаат бенефициран стаж, вклучително и рударите, да се вратат во прв столб и да си добијат поповолни пензии‘‘-изјави Царовска.

,,Се оди со повторно зголемување на стапката на придонесот од 0,4 отсто осигурување што од друга страна ќе значи зголемување на трошоците дополнително за работна сила. И некои козметички промени за кои нема значително да ја подобрат состојбата во пензискиот систем и останува некоја идна влада да бара решенија кои ќе бидат трајни‘‘- рече Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за финансии.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...