Швајцарија, Турција и Израел претходно понудија да посредуваат во мировните преговори.

Објавил: Перо Милчин | 22 март, 2022 5:34

Кои се условите за евентуалната средба Путин-Зеленски?

Фото/Текст извор: ©слободен печат

Кремљ соопшти дека мировните преговори меѓу Москва и Киев допрва треба да донесат поголем напредок и ги повика земјите кои имаат влијание врз Украина да ги направат тамошните власти поконструктивни во разговорите.

Москва го обвини Киев за одложување на мировните преговори со изнесување на сто предлози кои не се прифатливи за Русија. Од Украина, пак, тврдат дека се отворени за преговори, но дека нема да попуштат и да прифатат руски ултиматуми.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денеска дека во наредниот период треба да се постигне значителен напредок во разговорите за да има основа и воедно подготовка за можна средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Владимир Зеленски.

„За да може да се зборува за средбата на двајцата претседатели, мора да се завршат домашните задачи. Мора да се водат разговорите и тоа што ќе се договори да се усогласи меќу двете страни “,порача Песков. Тој сепак потенцираше дека – „Досега нема значаен напредок“,во разговирите со украинците.

Песков, исто така, ги повтори тврдењата дека Русија покажува поголема волја од украинските преговарачи да работат на договор за преговори.

„Оние (земјите) кои можат да го искористат своето влијание врз Киев за да го направат поприспособлив и поконструктивен во овие разговори“, рече тој.

Портпаролот на Кремљ рече дека изборот на место за хипотетичка средба е споредна тема, иако, секако, сме им благодарни на сите земји кои изразија подготвеност да помогнат во овој преговарачки процес.

Швајцарија, Турција и Израел претходно понудија да посредуваат во мировните преговори.

Денеска треба да продолжат он лајн преговорите меѓу руската и украинската делегација, откако Киев одби ултматумот на Москва да го предаде Мариупол.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.