Сефет Бајрами бил пренесен во скопскиот клинички центар, каде за брзо им подлегнал на повредите.

Објавил: Перо Милчин | 23 јуни, 2019 9:02

Колегите се простуваат од полицаецот кој загина: “Изгубивме голем човек, тој беше добар татко„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Изгубивме добар колега, голем човек, вистински професионалец. Татко, посветен на семејството. Вака колегите на социјалните мрежи се простуваат од полицаецот Сефет Бајрами кој вчера настрада во страшната сообраќајна незгода која се случи на скопската обиколница.

До тешката несреќа дошло кога двајца полициски службеници вршеле радарска контрола и го запреле возилото „БМВ“, а потоа во нив удрило товарното моторно возило. По ударот, возилото „БМВ“ се запалило.

Сефет Бајрами бил пренесен во скопскиот клинички центар, каде за брзо им подлегнал на повредите. Бајрами го изгуби својот живот брзо, сакајќи да ги санкционираат тие кои брзаат на патиштата. Бајрами тој имал само 37 години, пренесе Скопје инфо.

Бајрами бил дел од патролата на сообраќајната полиција, која настрадала вршејќи ја должноста на патот. Изгубивме добар колега, голем човек, вистински професионалец. Татко, посветен на семејството. Вака колегите на социјалните мрежи се простуваат од полиаецот Сефет Бајрами кој вчера загина во страшната сообраќајна незгода.

Полицаецот Сефет Бајрами долго време време работел во Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје.

Тој пред неколку денови добил ново решение и бил прераспределен во Автопатската мобилна единица при МВР, кобниот ден кога се случи сообраќајната незгода било прв ден, односно прва смена на Сефет на новото работното место.

На местото на сообраќајната незгода увид извршила увидна екипа на Министерството за внатрешни работи.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против возачот на камионот кој вчера на обиколницата ,,Мајка Тереза“, кај клучка Приштина, во правец од Тетово кон Радишани, удри во паркирано полициско возило „јети“ и автомобил „БМВ“, запрено од страна на полицијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...