Членките од Преродба се радосни што овие македонски традиции ќе ги продолжат младите кои биле заинтересирани за нашата, традиција, култура и историја.

Објавил: Перо Милчин | 7 јануари, 2022 10:12

Коледарите први го најавија Христовото раѓање

Фото/Текст извор: ©сител

Со македонската коледарска песна „Коледица Варварица“ коледарчињата денеска во Прилеп го најавија Христовото раѓање и беа дарувани од домаќините на куќите кои ги посетија, а прилепските домаќинки пак од здружението „Преродба“ по 15-ти пат ја подготвија традиционалната посна Бадникова трпеза составена од мали посни сарми, гравче, мазник со ориз, мекици, костени, ореви, разни овошја и други посни специјалитети. 

„Утрото започнува со коледарчињата кои коледаат по нашите домови, ние излегуваме и во корпите им ставаме костенчиња, оревчиња, крувчиња, јаболчиња и му се дава на коледарчиња по некој денар, најчесто железнии паричиња заедно со костените“, вели Лилјана Ацеска, членка на здружението „Преродба“.

И двата празници, Бадник како предвесникот на Божик, се празнуваат како семејни празници и затоа се вели „Кај и да си пред Божик по Божик дома да си“. На овој ден во некои региони во Македониија се врти паричка, а во други пат паричката се става во мазникот или зелникот за Василица.

„Лепчето го правам со паричка и вечерта кога ќе седнеме да вечераме, сопругот ги врти 3 пати. Потоа го крши, па го дели, прво за Господ, за куќата и на сите членови на семејството, според годините ни дава по едно парче. Како девојче кај мајка ми за Василица ја вртевме паричката, откако се омажив свекрва ми вртеше за Бадник и сега јас ги практикувам и двата обичаи“, истакна Ацеска, за Сител!

Членките од Преродба се радосни што овие македонски традиции ќе ги продолжат младите кои биле заинтересирани за нашата, традиција, култура и историја.

„Бадниковото празнување за нас е со посебно значење бидејќи е ден на предвестието за раѓањето на Исус Христос. Здружението „Преродба“ на сите овие години на своето постоење ја негува традицијата, ќе продолжиме и понатаму, среќни сме што после нас ќе има кој да ја продолжии традицијата“, додаде Лилјана Ѓорѓиоска, претседателка на здружение „Преродба“.

Инаку денеска во состав на манифестацијата „Црвен тепих на хуманоста“ членовите на детскиот хор при црквата Свети Кирил и Методиј од Прилеп на плоштадот „Александриија“ е предвидео да имаат мала пригодна програма на која пред присутните ќе испеат неколу Божикни песни. За за жал и оваа година поради пандемијата нема да ја има традиционалната Бадникова поворка, која тргнуваше од црквата Свети Кирил и Методиј, а потоа децата со импровизираната пештерка во која се родил Исус Христос шетаа низ целиот град.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани