Грабар Китаровиќ на Твитер, по враќањето од Соединетите Држави па извести, дека ќе ги следи сите препораки за да се спречи ширењето на коронавирусна инфекција и да го стори тоа од одговорност кон другите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 март, 2020 17:22

КОЛИНДА ГРАБАР КИТАНОВИЌ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА- СЕ ЈАВИЛА НА ДОКТОР И ИСПРАТИ ПОРАКА ДО ГРАЃАНИТЕ!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, денеска објави дека следните 14 дена ќе ги помине во самоизолација.

Грабар Китаровиќ на Твитер, по враќањето од Соединетите Држави па извести, дека ќе ги следи сите препораки за да се спречи ширењето на коронавирусна инфекција и да го стори тоа од одговорност кон другите.

Таа пристигна во Загреб преку аеродромот во Франкфурт и, како и сите други, мора да помине две недели во изолација.

„Поздрави од нашиот убав крај! Моментално во самоизолација, следејќи ги правилата со цел да се спречи ширењето на Ковид-19, но и од одговорност кон другите“, напиша Грабар-Китаровиќ.

Грабар Китаровиќ на Твитер, по враќањето од Соединетите Држави па извести, дека ќе ги следи сите препораки за да се спречи ширењето на коронавирусна инфекција и да го стори тоа од одговорност кон другите.

Таа додаде дека граѓаните треба да останат во своите домови и со тоа да придонесат за спречување на ширење на инфекцијата.

Како што дознава хрватски Дневник, таа се јавила на лекар и се чувствува добро. Ќе биде дома со семејството наредните две недели.

Колинда Грабар-Китаровиќ (хрватски: Kolinda Grabar-Kitarović; р. 29 април 1968) е хрватски дипломат и политичар. По победата во вториот круг на 11-ти јануари 2015 година на хрватските претседателски избори во 2014-2015, против претседателот социјалист Иво Јосиповиќ таа стана 4-тиот претседател на Хрватска на 19 февруари 2015 година. Колинда е првата жена која била претседател на Хрватска.

Од 2011 до 2014 година Грабар-Китаровиќ работи како помошник генерален секретар за јавна дипломатија на НАТО.  Таа е првата жена помошник генерален секретар на НАТО. Пред тоа е министер за европски работи (2003-2005) и министер за надворешни и европски работи (2005-2008) во Владата на Иво Санадер и хрватски амбасадор во САД (2008-2011). Таа е член на конзервативната партија Хрватска демократска заедница од 1993 година и е еден од тројцата хрватски членови на Трилатералната комисија. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.