вторник, 23 април 2024

MK/ EN/ DE



Секако Колинда ги воодушеви слушателите со својата изведба.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 јули, 2019 18:13

Колинда повторно воодушевува,овој пат со својот глас: Слушнете како пее претседателката на Хрватска

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Колинда Грабар-Китаровиќ, претседателката на Хрватска  во едно интервју на Хрватското католичко радио ја запеа својата најдрага духовна песна и ја крена јавноста на нозе.

Колинда Грабар-Китаровиќ (хрватски: Kolinda Grabar-Kitarović; е родена на 29 април 1968.Таа е хрватски дипломат и политичар. По победата во вториот круг на 11-ти јануари 2015 година на хрватските претседателски избори во 2014-2015, против претседателот социјалист Иво Јосиповиќ таа ќе стане 4-тиот претседател на Хрватска на 19 февруари 2015 година .Таа е првата жена претседател на Хрватска.

Во интервјуто Колинда говори за актуелната ситуација во Хрватска, за реконструкцијата на хрватската Влада, образованието, Црквата и политичките состојби во земјата. Но во еден момент таа се префрли и на полесни теми и за јавноста откри дека нејзината омилена верска песна е „Христос на брегот”, по што отпеа дел од стиховите.

Секако Колинда ги воодушеви слушателите со својата изведба.

Колинда веќе неколку пати го зазема главното место во медиумите откако за време на СП 2018 во Русија беше присутна за да ги поддржи фудбалерите на Хрватска. Таа на секој натпревар беше на трибините каде навистина доминираше и ги бодреше своите фудбалери, за да на крајот во финалето на дождот го слави второто место заедно со нив, со солзи во очите.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.