Во 1996 ја основал СРМ и бил назначен за нејзин претседател. Во периодот 1994–1998 бил во коалиција со владејачкиот СДСМ, а за парламентарните избори во 1998 типувал победа на премиерот Бранко Црвенковски со 102%.

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 октомври, 2020 15:01

КОЛКУ БЕШЕ БОГАТ АМДИ БАЈРАМ – Од градоначалник до ,,Кока Кола” кандидат за претседател на РМ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Амди Бајрам, почина на 64-годишна возраст, по компликации со срцето. Тој беше познат по тоа што сакаше да се експонира во јавноста а за свадбата на Амди Бајрам Јуниор тој обезбеди лимузини и панорамски автобуси.

Внукот Амди Бајрам Јуниор и невестата Везира Агушева во спортскиот центар Борис Трајковски дочекаа околу 2000 гости и се веселеа со традиционална ромска музика и ѕвездите од српската естрада меѓу кои Кеба и Верица Шерифовиќ. Дедото Амди им поклони уште една луксузна свадба на Босфор во Истамбул каде присуствуваа околу 450 гости.

Минатата недела Бајрам исто така направи лускузна свадба за внуката во Турција, каде што присуствуваа врвни политичари и пријатели на семејството.

Покрај музиката на Кеба, гостите ги забавуваа бројни српски естрадни ѕвезди, меѓу кои Верица Шерифовиќ, Амела Вуковиќ, Елена Марковиќ, Бернат, придружувани од оркестарот Плави Ѕвезди.

Бајрам се кандидираше и за претседател на Македонија а тој не знаел оти партијата токму него го предложила за претседателски кандидат од партијата на која беше на чело Сојуз на Ромите од Македонија.

Амди Бајрам во имотниот лист пријавил дека поседува „Пежо“ во вредност од 1.8 милиони денари.

„Пежото“ е единствено во негова сопственост а на децата тој пријавил кредит. Но сепак тоа не беше така.

Амди Бајрам е роден во Скопје и има завршено средно трговско училиште, а извесно време бил генерален директор на текстилното претпријатие „Шутекс“. Бајрам во 1994 станал пратеник во Собранието на Република Македонија како член на Партија за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), но до крајот на мандатот работел како независен пратеник.

 Во 1996 ја основал СРМ и бил назначен за нејзин претседател. Во периодот 1994–1998 бил во коалиција со владејачкиот СДСМ, а за парламентарните избори во 1998 типувал победа на премиерот Бранко Црвенковски со 102%.

Во периодот 1998–2002 ја поддржувал владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Љубчо Георгиевски. При гласањето доверба на владата на Георгиевски по барање на водачот на опозицијата Црвенковски во декември 2000, владата опстоила поради гласот на Бајрам, по што тој изјавил дека им дал „гол со пета“ на СДСМ и дека неговата партија „секогаш е со власта“.

Амди Бајрам беше близок пријател и кум на бизнисменот Сашо Мијалков. Мијалков беше кум на ромските средби во Скопје.

 Бајрам во 2004 бил обвинет за кражба на платно од штипската фабрика „Македонка“ вредно 750 илјади евра. Тој првично бил осуден на 7-годишна казна затвор, која потоа му била намалена на 4 години. На локалните избори во 2005, додека пресудата уште не била правосилна, се кандидирал за градоначалник на Шуто Оризари. Иако победил, бил градоначалник нецел месец бидејќи бил однесен на издржување затворска казна во затворот во Штип. Во 2007 казната му била намалена за шест месеци од претседателот Црвенковски, а во 2008 излегол од затвор.

По напуштање на затворот повторно влегол во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Никола Груевски. Додека партиципирал во коалицијата на Груевски, Бајрам вербално се конфронтирал со повеќемина пратеници на СДСМ, велејќи дека е „бренд како Кока-Кола“ во споредба со нив.

За време на протестите организирани од СДСМ пред Собранието на 24 декемри 2012, Бајрам им покажал среден прст на насобраните симпатизери на опозицијата. Бајрам ја прекинал коалиција со ВМРО-ДПМНЕ откако партијата заминала во опозиција по парламентарните избори во 2016 и изразил желба да премине во парламентарното мнозинство предводено од СДСМ на премиерот Зоран Заев.

Амди е татко на политичарот Елвис Бајрам, кој бил градоначалник на Општина Шуто Оризари во периодот 2009–2017.

Поради проблеми со срцето, починал на 64 годишна возраст.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски не смее збор да изусти!

ВМРО-ДПМНЕ: Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава

Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски...

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе – Обвинителен акт против едно физичко лице и Обвинителен предлог против правно лице кои се товарат за продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик.

Жан Митрев може да добие затворска казна од 1 до 10 години

Обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен...

Левица во својата политичка иднина има две битки, а првото полувреме е со СДСМ, вели лидерот на Левица Димитар Апасиев во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“.

Апасиев: Црвениот тефтер ни е полн, ништо не забораваме!

Јавно кажуваме дека нема да им биде простено на тие параполициски структури кои што...

Дел од гостите само се заблагодарија за поканата, а дел ја искористија можноста да кажат дека дошле за поддршка.

„Се надевам дека во иднина она што е нормално, да се отвораат клубови кои ќе поврзуваат, а ние имаме многу со бугарскиот народ и дека вакви ликови коишто не поврзуваат ќе бидат имиња и на бугарските клубови во Македонија, а не како сега да ги сфаќаме како провокација.“

изјави Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица.
На улицата пред клубот тешко можеше да се разликува кој е дојден за поддршка, а кој за провокација. Отспротива, без присутни помал број поддржувачи на бугарската ВМРО-БНД. Меѓу новинарите, пак, се појави човек што се претстави како наследник на Вапцаров и се обиде да му подари книга на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

„Тука се е напишано, особено на последната страница си е напишано, тоа е ракопис на Никола Вапцаров каде што пишува кој е, што е.

–Ќе ви дадам јас една книга од нашата македонска историја што ја напишал Никола Јонков Впацаров за Македонија и неговиот македонски иднетитет. Следниот пат ви ветувам ќе ви дадам книга“,

објаснуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

(ВИДЕО) Бугарскиот суд го затвора здружението што го отвори македонскиот клуб во Благоевград

„Во ликвидација“ – пишува во досието на Централниот регистар на Бугарија покрај...