Како пример е наведена Словенија, трета најлоша земја во светот според бројот на смртни случаи на милион жители.

Објавил: Перо Милчин | 25 декември, 2020 16:11

КОЛКУ Е КАРАНТИНОТ ЕФЕКТИВЕН ПРОТИВ КОРОНА: Ова е причината зошто оние што го воведоа, немаат најмалку жртви!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заклучувањето е преценето кога станува збор за забавување на ширењето на ковид-19, така што некои земји кои воведоа строги мерки сепак имаат многу голем број заразени лица, пишува Јутарњи лист.

Како пример е наведена Словенија, трета најлоша земја во светот според бројот на смртни случаи на милион жители.

Словенија навистина воведе строга делумна блокада, но сепак има повеќе од 1.160 смртни случаи на милион жители. И Белгија. Многу строгите мерки не им помогнаа на Италија, Перу и Шпанија, кои исто така спаѓаат во 10-те најтешко погодени од бројот на смртни случаи од вирусот корона, се наведува во текстот.

Ако работат радикални мерки, како е можно Белгија да има околу двапати повеќе смртни случаи од Шведска?

Швеѓаните и денес не носат маски, додека кафулињата и рестораните се отворени, тие спроведуваат мерки за кои сметаат дека се епидемиолошки ефикасни и признаваат дека во првиот бран погрешно процениле како да ги заштитат старите лица во домовите.

Одговорите не се толку едноставни, пишува Јутарњи и наведува дека прекумерното поедноставување произведува низа други ризици!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.