На 26 август ЦДЦ го ажурираше привремениот број на смртни случаи како резултат на КОВИД-19, а во делот за истовремени болести откри дека само 6 проценти од смртните случаи биле предизвикани од вирусот.Оваа информација ја искористија оние кои сметаат дека вкупната смртност и сериозноста на пандемијата се претерано "напумпани" како обид да се поткопа претседателот во текот на изборната година.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 септември, 2020 11:05

КОЛКУ КОРОНАВИРУСОТ Е НАВИСТИНА СМРТОНОСЕН: Американците објавија податоци за смртноста поврзани директно со вирусот! Нешто не се поклопува!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Logično

Како што продолжува пандемијата КОВИД-19, се зголемува и бројот на жртвите, особено во Соединетите Американски Држави, каде повеќе од 180.000 луѓе починаа од почетокот на пандемијата.

Сепак, новата бројка објавена од Центрите за контрола на болести (ЦДЦ) предизвика збунетост, особено откако претседателот ја објави на Твитер.

На 26 август ЦДЦ го ажурираше привремениот број на смртни случаи како резултат на КОВИД-19, а во делот за истовремени болести откри дека само 6 проценти од смртните случаи биле предизвикани од вирусот.Оваа информација ја искористија оние кои сметаат дека вкупната смртност и сериозноста на пандемијата се претерано “напумпани” како обид да се поткопа претседателот во текот на изборната година.

Сепак, други, брзо посочија дека оваа бројка е во делот за коморбидитети, што значи дека 94 проценти од смртните случаи поврзани со КОВИД-19 биле исто така и оние кои истовремено страдале и од други болести. Истата таа група сметаше дека е висок ризик кога пандемијата се појавила за прв пат.

Како резултат, тие се појавија на социјалните мрежи со своите одговори.

Истовремени болести кои исто така придонеле за голем број смртни случаи се хипертензија, дијабетес, васкуларна и неспецифична деменција, срцев удар и срцева слабост.

Пандемијата и начинот на кој таа се решава стана камен на сопнување во Соединетите држави, бидејќи тие беа исполитизирани пред претседателските избори. Многумина  се спротивставија на предлогот  да носат маски низ целата земја, расправајќи се за тоа колку тие всушност се ефикасни во спречувањето на ширењето.

Новата критика заснована врз бројот на смртни случаи доаѓа дури и откако ЦДЦ ги смени упатствата за тоа кој точно треба да биде ставен во карантин и кога на меѓународните патници повеќе не им треба период од 14 дена, ниту по патувањето од земја во земја.

Сепак, иако упатствата се променија, локалните власти сепак можат да наметнат ограничувања.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.